Првиот македонски виолинист на „Џулијард“ - зграпчете ги и најризичните шанси
Детската желба на 22-годишниот виолинист Александар Иванов да студира на една од најпрестижните музички школи во светот „Џулијард“ е исполнета. Тој неодамна настапи со Македонската филхармонија во Скопје, а за РСЕ сподели дел од искуствата од Њујорк и ја потврди намерата да освојува светски сцени.