Детската желба на 22-годишниот виолинист Александар Иванов да студира на една од најпрестижните музички школи во светот „Џулијард“ е исполнета. Тој неодамна настапи со Македонската филхармонија во Скопје, а за РСЕ сподели дел од искуствата од Њујорк и ја потврди намерата да освојува светски сцени.
Основецот Марко Балоски со снимање на видеа со еко пораки сака да допре до своите врсници, но и до повозрасните, за да ја разбуди еко свеста.
Тинејџерката Ема е родена во Македонија, но живее во Хонг Конг. Со своите акции сака да покаже дека се грижи за природата, а за ова добива пофалби и награди интернационално.
Средношколецот Петар Србиноски одлучил да ги занемари реакциите на оние кои се чудат кога ќе слушнат дека тој тренира мечување. Не се надева дека еден ден хобито би можело да му стане професија, но сака да ги инспирира младите да си го следат срцето и да уживаат во омиленото хоби.
Младата актерка Нина Елзесер вели дека ужива работејќи на претстави на независната сцена. Во моментов не цели кон матичен театар и вработување, но како што вели, секогаш цели кон чување на детето во себе и порачува дека актерите никогаш не смеат да бидат ставени во рамка.
Да се тренираат неколку боречки вештини паралелно и да се освојат три златни медали во два различни спорта за еден викенд, не е невозможно за 16-годишната Даниела Алексовска. Таа тренира бразилска џиу џица (БЏЏ), џудо, таи бокс и ММА, а БЏЏ е нејзин матичен спорт.
Велешанецот Ангел Петрушев во кајак влегол во прво одделение. Денес има 18 години, бројни медали и титула - државен јуниорски и сениорски првак на Македонија.
Дваесегодишниот Андреј Димоски кој студира на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, танцува веќе 15 години, а последниве 5 години професионално се занимава со танц.
Дваесетитригодишниот Озбек Ајваз кој е на магистерски студии на Факултетот за ликовна уметност, ги искористил карантинските денови во пандемијата за да го искаже својот револт низ уметност.
Основецот од Скопје, Или Морина вели дека се чувствува подготвен да „скокне“ директно до факултет. Толку знае математика, што од него освен основци, бараат да учат и средношколци, но и студенти.
Битолчанката Мила Ивановска е една од 1900-те студенти од целиот свет кои во 2021-ва година беа примени на Харвард – најпрестижниот факултет во светот, според актуелната Шангајска листа.
Со волонтирањето се стекнуваат многу нови вештини, знаења и пријателства и тоа е волшебно искуство кое на младите им нуди лесен пат до учење на вистинските вредности, сподели 17-годишната средношколка Леа Манева, која во „Црвен Крст- Карпош“ волонтира од 14 години.
Вчитај повеќе