Каратистката Магдалена Божиноска ја освои минатогодишната награда Најуспешна млада спортистка. Меѓу заслугата за да ја добие оваа награда е тоа што е веќе осумгодишен првак во карате. Што има да порача таа?
Антонио Дамјановски, 14 годишен битолчанец, е две години по ред шампион во мотокрос класата МХ85. Тој открива дека за да си успешен треба да немаш страв, да си сконцентиран, да водиш здрав живот и да се возат што повеќе трки. Што има да порача тој?
Младиот поетски сламер Горазд „Кени“ Китановски промовирајќи ја својата нова рачно напишана книга „Бетер Times“, како и за да ја разбие „монотонијата во автобус“ одлучи да рецитира во автобуската линија 41 во Скопје.
Дознајте повеќе за нејзините техники и слушнете што има да порача во видеото.
Бојана Бејатовиќ е 26 годишна шахистка и една од ретките во Македонија која гради шаховска кариера. Според нејзиното искуство, младите губат интерес за шахот, но ниту државата дава доволно поддршка за овој спорт. Што има да порача таа?
Овогодинешната победничка видео игра на хакатонот Глобал Гејм Џем Македонија е „Твин Дрифтерс“, едноставна но впечатлива игра. Петчлениот тим Red Impulse не очекувале да победат, но велат дека во самиот процес на создавањето на играта тие ги усовршиле своите вештини. Што имаат да порачаат тие?
Оваа иницијатива на млади европски амбасадори е дел од Регионалната комуникациска програма на Европска Унија за Западен Балкан.
„Треба повеќе млади да дадат шанса и на одбојката, дека стварно е преубав спорт“, смета најмладиот одбојкар во Македонската репрезентација, 18-годишниот Тино Шулајковски.
Постерите беа на три јазици, македонски, албански и ромски јазик, за да допре до поголем дел од општеството. Што има да порача таа?
Паркурот како уметност на брзо движење преку препреки постои од 1988 година, а во Македонија пред 11 години е формиран првиот тим, Beyond.
Средношколката Ирина Јованоска од Прилеп е петкратен првак во стрелаштво. Таа го сака овој спорт затоа што бара висока концентрација на секој тренинг и натпревар. Вели дека ѝ помага при оформувањето на нејзината личност. Што има да порача таа?
Радмила Периќ и Мартин Ангелов годинава го отворија првото знаковно кафуле 02 во Скопје. Тие се глуви, но покрај желбата да бидат претприемачи, сакаат да бидат и претставници на знаковен јазик во овој бизнис. Што имаат да порачаат тие?
Вчитај повеќе