Повеќе младински тела, поголема гласност на младите
Истакнувајќи „ние сме сега, ние живееме во сегашноста“, младата европска амбасадорка Ана Ќупева порача дека гласот на младите треба да се слуша. Таа е меѓу петмината кои се на оваа функција од минатиот септември. Оваа иницијатива на млади европски амбасадори е дел од Регионалната комуникациска програма на Европска Унија за Западен Балкан.