Алијансата за Албанците е подготвена за предвремени избори, но во овој период на криза треба да бидеме сплотени. Јас инсистирав и претходно на непартиска експертска влада, вели в.д претседателот на партијата Арбен Таравари во неделното интeрвју за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Кога било да се одржат следните парламентарни избори, Алијансата за Албанците ќе победи и ќе биде дел од Владата. Ако не, јас би се тргнал дефинитивно од политика, вели в.д претседателот на партијата Арбен Таравари во неделното интeрвју за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Со новата мерка владина помош ќе добијат ранливите категории граѓани во следните четири месеци.
Енергетскиот колапс се заканува да остави на улица од 7.000 до 9.000 работници во индустријата, вели Игор Ѓерасов, претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР). Големите компании, кои се на слободниот пазар на струја, учествуваат со 10 до 15 проценти во БДП.
Со оваа цена на струја доколку Еуроникел (поранешно ФЕНИ) работи во полн капацитет, само за еден час би трошел околу 40 илјади евра. Менаџментот вели дека тоа е економски неисплатливо и затоа печката е згасната, вели Игор Ѓерасов, претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР).
Оваа состојба на релативно ниски каматни стапки значи дека, штедачите плаќаат еден висок инфлациски данок. Ако имате заштедено 1000 денари, за една година губите 15 проценти од вредноста, тие 1000 денари после година дена ви вредат 850 денари вели професор Трајко Славески.
Она што секој здраворазумски би го препорачал е штедење, а од друга страна растат повиците до владата за поддршка на граѓаните и бизнисот за излез од кризата што претстои на енергетски план. Треба како „одејќи по жица“ да се бара најмалото зло, вели прфоесор Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.
Очекуваме до крајот на октомври, почетокот на ноември да добијат учебници учениците од прво, второ, четврто и петто одделение, вели министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа. Тој зборува и за тоа како да се надмине проблемот со недостиг на наставен кадар.
Министерот Јетон Шакири се согласува дека има ризик за наставата со физичко присуство. Проблемот ќе се решава во работна група, а се чешлаат и сметките за да се види дали има заостанати пари од блок дотации од минатите години, како и други средства кои може да се пренаменат за греењето.
Проблемите не завршуваат со отворањето на Уставот и внесувањето на Бугарите во него, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Тој зборува и за следните чекори по отфрлањето на референдумот.
ВМРО-ДПМНЕ размислува за многу чекори. Но и да понесеме нова иницијатива за референдум за поништување на Договорот со Бугарија, истата повторно ќе биде отфрлена, вели во интервју за РСЕ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Русија и Кина се едни од главните актери, но постојат и други регионални влади кои се обидуваат да воспостават поголема моќ и влијание на Балканот, вели Џеј Џенсен директор за комуникации на Сојузничката команда за операции на НАТО во неделното интервју за РСЕ.
Вчитај повеќе