Достапни линкови

Новите учебници ќе бидат готови до ноември


Шаќири - МОН преку блок дотации ќе се обиде да им помогне на училиштата за енергетската криза
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:46 0:00

Шаќири - МОН преку блок дотации ќе се обиде да им помогне на училиштата за енергетската криза

Очекуваме до крајот на октомври, почетокот на ноември да добијат учебници учениците од прво, второ, четврто и петто одделение, вели министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа. Тој зборува и за тоа како да се надмине проблемот со недостиг на наставен кадар.

Зошто учениците учат од парталави учебници?

Ова е основна тема во последниот период. Основна тема за мене како министер, од почетокот кога дојдов на оваа функција, како дел од мојата агенда беа учебниците. Се работи за проблем кој не е само во последната година, туку во подолг период, и тоа и во основното и во средното образование. Во последната година имаме измена на концептот за основно образование, каде започнуваме со нови учебни програми.

Дали има некој одговорен за старите оштетени учебници, да проверува какви учебници стигаат до децата?

Како министер доставив информација до сите и до јавноста, ги повикувам сите и наставници и работници да достават забелешки до мојот кабинет за работата со учебниците, за да можеме заедно со Педагошката служба да ги разгледаме тие забелешки кои доаѓаат и за содржината на учебниците и за други проблеми.

За старите учебници кои се во основното образование, јас сум за тоа со воведување на новата концепција ќе дадеме придонес за да се променат, затоа инсистирам во временскиот период учебниците да бидат квалитетни.


Присуствувате на првиот училиштен ден во Албанија на промоција на буквар од кој во иднина ќе учат првачињата во Албанија, Косово, и Македонија. Првачињата во земјава годинава не видоа буквар. Кога ќе добијат учебници децата од прво, второ, четврто и петто одделение?

Искрено, кога велиме не добија буквар, добија подготвителни материјали што се однесуваат на него.

Има две фази на одредување на постапките. Една постапка е поврзана со Комисијата, доставување на наставни програми, повик до автори. Образложив дека во овој период сакав да немаме временски притисок врз авторите за да имаме изработка на квалитетни учебници и за математика и за другите предмети и за букварот итн. Другата постапка е поврзана со процесот на ребаланс на буџет, а истовремено се организираше и постапка кадешто имаше временски рокови во кои требаше да заврши таа постапка.

А тоа значи, кога ќе добијат учебници?

Очекуваме до крајот на октомври, почетокот на ноември.

Како да учиме од парталави учебници?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:58 0:00


Како ќе го решите вториот голем проблем со недостиг на наставници, најмногу фалат наставници по математика, физика, хемија, физичко воспитување и сл?

Оваа дискусија е отворена и заедно со Синдикатот за образование и наука (СОНК), со кој имаме добра соработка, имавме и преговори, имавме дискусија и за поголеми плати, исто така е побарано решение за наставниот кадар.

Во законот за студентски стандард имаме дека за одредени струки, а што мислам дека треба да се прошири, каде што студентите добиваат месечна стипендија од 18 илјади денари. Ако се запишуваат на струките за физика, хемија, математика, па ќе видиме во следниот период ако можеме да го прошириме за да ги мотивираме средношколците да се запишуваат на овие струки.

А што е во периодот додека тие студенти да завршат?

Во овој момент завршуваат неколку студени што ги студирале тие дефицитарни струки, затоа се поврзуваат податоците. Ова работа со стипендиите е почната пред три-четири години, доаѓа првата генерација, па потоа ќе видиме како е со бројките колку струките имаат недостаток, дали имаат недостаток уште 10, 20, 30...Ќе треба сите заедно да дадеме придонес.

Целото интервју со министерот за образование Јетон Шаќири може да го погледнете во видео снимката на почеток на овој текст.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG