Ќе имаме голема црна дупка на оние кои се иселиле од државата, што ние не сме ги регистрирале со тековните регистрации. Јас ќе бидам прв што ќе биде незадоволен од податокот, но тоа не значи дека нема да го прифатам, вели директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски во интервју за РСЕ.
Нашите погледи кон соседите се изградени во еден претходен систем и тие биле антибугарски, антиалбански, антигрчки. Сега кога влегуваме во друг сојуз не можете со истите очила да го гледате светот. Сега погледот кон соседите треба да се создаде во Скопје, вели министерот Бујар Османи.
Секое излегување од Договорот за пријателство со Бугарија, го прави проблемот конфузен и неразбирлив, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој додава дека идентитеските теми како јазикот се на маса, но дека за нив македонската страна не преговара.
Потребна е добра проектна документација, да имаме добри изведувачи на терен, да не се користат изговори за да не се реализираат одредени. Мора сите компоненти да се склопат за да достигнеме висока реализација на капитални инвестиции, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за РСЕ.
Во изминатите три години се инвестираа милијарда евра во изградба и реконструкција на патишта, мостови, свлечишта, вијадукти. Во овој момент инвестираме преку 840 илјади евра во изградба на патна инфраструктура или околу 400 километри патишта, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Политиката на проширување веќе не е желба, туку едноставно е потреба сите земји од овие простори да соработуваат, мора да имаат заеднички одговор и заеднички механизам за соработка, вели хрватската амбасадорка во Македонија Нивес Тигањ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Подобро е партиите да бидат финансирани од буџетот, отколку да се остави секоја партија да наоѓа свои начини на финансирање, затоа што мислам тоа може да отвори врата за некои понатамошни коруптивни зделки, вели пратеничката Маја Морачанин од ДОМ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
И покрај ветувањето на тие работодавачи дека ќе ги дадат субвенции за првите месеци од кризата, кога ни беше најтешко, баш напротив, се кријат, не креваат телефони и народски речено немаат абер да го направат тоа, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски во интервју за РСЕ
Договорот на определено време може да биде склучуван најмногу до 5 години и затоа работодавачите во наводници може да се каже дека го злоупотребуваат и работниците ги држат во неизвесност несакајќи да им овозможат договор на неопределено време, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија и останаа, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, за да имаат пристап до финансиска поддршка од државата, вели министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска за РСЕ.
Мерките за справување со последиците од корона пандемијата се точно насочени кон зачувување на секое работно место, вели министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа уверува и дека парите кои се земаат како државна помош се доволни за да се лекуваат соодветно од ковид19.
Ставот за македонскиот јазик е на дел бугарски академици, не на сите. Деновиве следиме дека за дневно политички потреби ги користат оние што велат дека ние сме некоја дијалектна форма, вели Елена Јованова - Грујовска, директорката на Инстутутот за македонски јазик во неделното интервју на РСЕ.
Вчитај повеќе