Сите можности нормално е дека се разгледуваат, но јас искрено верувам дека тоа нема да се случи, дека сепак ќе се најде начин со консензус да се договори датумот на кој ќе се одржат изборите, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Ова што сега го прават Заев и СДСМ е одење со глава во ѕид. За каков консензус зборуваме кога тој поставува ултиматум и се заканува и тоа со датуми кои согласно со закон не се возможни да имаме избори, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Учинкот на реализација на програмата е повеќе од 57 проценти за помалку од две ипол години, вели за РСЕ, Љупчо Николовски
Нема да има митинзи. Ова е шанса реформите да продолжат и понатаму, да се фокусираме и на дигиталната комуникација со граѓаните, да ги користиме сите нови алатки и модели на комуникација, вели во интервју за РСЕ, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Илбер Исуфи, доктор по интерна медицина во Куманово зборува за своето искуство со коронавирусот.
Доктор Илбер Исуфи од Куманово по прележувањето на вирусот порачува да се почитуваат мерките. Само ако сме сите свесни и одговорни ќе успееме ситуацијата да ја држиме под контрола, вели докторот. Тој се заразил на работа, во болницата во Куманово, но среќен е што не го пренел вирусот на други лица.
Туризмот сè уште не го видел најлошото од економската криза, вели во неделното интервју на Радио Слободна Европа, Емил Димитровски, претседател на Стопанската комора за туризам.
Туристичката сезона ќе ја спасуваат домашните гости, но и гости од регионот, очекува Емил Димитровски од Стопанската комора за туризам. Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, тој вели дека и македонските туристи би патувале во регионот.
Вархеји вели дека на тоа работи ден и ноќ и нема да се штеди да го испорача тоа што си го наметнал, а тоа е во јуни да и се даде предоварачка рамка на С. Македонија.
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји ветува дека ќе ја подготви преговарачката рамка за Северна Македонија до Јуни додека меѓувладината конференција и отворањето на поглавјата за преговори се други прашања кое потоа ќе се договараат.
Откако почнавме со онлајн настава, малку невообичаено, но се зголеми учеството на студентите во наставата, вели ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.
Одржувањето на онлајн предавањата е на задоволитено ниво, а одлуката за јунската испитна сесија наскоро ќе ја донесеме, вели ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски. Бројот на дисперзирани студии беше преголем и ни изгуби многу време и енергија, се што е премногу не носи квалитет, вели Јанкуловски.
Вчитај повеќе