Евро-комесарот и вице претседател за економски прашања, Валдис Домбровскис, во интервју за РСЕ, го објаснува финансискиот пакет помош, кој ЕУ го става на располагање на 10 соседни земји на ЕУ, меѓу кои и на Македонија. Станува збор за заеми под поволни услови.
Политичарите не се раководат од интерпретацијата на Уставот , туку од тоа дали нешто е политички опортуно во даден период, вели професор Ненад Марковиќ.
Во овој момент рејтингот повеќе зависи од доброто менаџирање на кризата. Приоритет е да се излезе од оваа криза релативно неоштетени, економијата е втората веројатно најбитна работа, а ЕУ и НАТО сепак ќе паднат на трето и четврто место, вели професор Ненад Марковиќ.
Епидемиологот, професор Драган Даниловски во разговор за РСЕ оценува дека подобро е да се почека со релаксирање на мерките до крајот на месецов за да се осигура дека коронавирусот нема да го возврати ударот. Тој има порака и до оние што веруваат во поврзаноста на коронавирусот и 5Г мрежата.
На почетокот дел од нас бевме во внатрешни кабини, без прозори и балкони тоа беше малку потешко.
Граѓаните кои се погодени од корона кризата односно зимаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата, вели во интервју за Rадио Слободна Европа, претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.
Регулаторната комисија за енергетика прави напори да се зголеми бројот на корисници на парно, со тоа што цената на приклучокот ќе се намали за околу 25 проценти. А поголем број на потрошувачи, значи помала цена, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.
Имаме многу интензивни социјални контакти и луѓето тешко се откажуваат до нормалниот начин на живеење, така што и мерките на Владата се во таа насока, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Не сум викнат на прес-конференции кои се организирани од Владата. Некогаш некои работи се договараат и без мене, меѓутоа, сепак, тоа се работи кои не треба да ги пренагласуваме во ситуација кога заеднички треба да се справуваме со коронавирусот, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Онлајн образованието е системско решение и има механизми за контрола на училиштата, вели министерот за образование, Арбер Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Ќе има интернет за сите ученици, а со помош на донатори ќе се помага на оние ученици кои немаат ИТ уреди, вели Адеми.
Не ни треба пандемија, епидемија или некоја друга несреќа за да бидеме свесни дека треба да инвестираме повеќе и повеќе во науката, во научно-истражувачката дејност и во поддржување на претставниците од научната заедница, вели министерот за образование Арбер Адеми.
Ние очекуваме реформи и модернизација на институциите во безбедносниот сектор и вооружените сили да продолжат и апсолутно сум убеден дека тоа ќе се случи, бидејќи тоа е добро за Северна Македонија и е добро за сите нас, изјави за РСЕ Генералниот секратар на НАТО Јенс Столтенберг.
Вчитај повеќе