Достапни линкови

Сметките за парно и струја на рати и без камати за погодените граѓани


Приклучокот за парно ќе се намали за 25 проценти
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:44 0:00

Приклучокот за парно ќе се намали за 25 проценти

Граѓаните кои се погодени од корона кризата односно зимаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. Најавува дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки за топлинска енергија кои пак ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти. Дали цената на струјата ќе остане непроменета е рано да се каже, вели Бислимовски.

Дали има конечно решение за тоа како ќе се плаќаат сметките за струја, вода и парно во овие кризни месеци, особено за оние граѓани кои се најпогодени од оваа криза?

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги беше прво регулаторно тело во регионот коешто излезе со соодветни мерки веднаш по настапувањето на кризата и прво што препорачавме беше да нема исклучување на потрошувачите кои што се приклучени на системот за електрична енергија, на топлинска енергија и да нема исклучување на приклучените на системот за вода. Имајќи во предвид дека сме во секојдневна комуникација со компаниите од енергетскиот сектор имаме значително подобрена ситуација во однос на плаќањето на сметките по добивањето на платата кај администрацијата, така што им се заблагодарувам на сите граѓани коишто покажаа солидарност во овие тешки времиња и очекувам дека оние потрошувачи, оние домаќинства кои што не се погодени, односно немаат намалени приходи и во идниот период да продолжат да си ги покриваат своите режиски трошоци. Се разбира дека водевме сметка и за погодените граѓани и сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор - ЕВН и БЕГ снабдување, на погодените граѓани ќе се овозможи за месеците мај, април и март да можат своите трошоци доколку не се во можност да ги покријат да ги плаќаат на рати и притоа каматата заради заостанатото плаќање нема да се калкулира, значи за три месеци ќе имаат можност најпогодените граѓани да си ги платат своите трошоци за електрична енергија и за топлинска енергија на рати и притоа каматата воопшто нема да им се калкулира.

Исто така сакам да најавам дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигаат и порамнителните сметки на потрошувачите за топлинска енергија и тие ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти што ќе претставува уште едно значително олеснување на граѓаните.

Во однос на комуналните претпријатија оставаме тие сами да одлучат имајќи предвид дека едно комунално претпријатие извршува повеќе дејности, како на пример Водовод Скопје испорачува фактура и за Комунална хигиена и за Паркови и зеленило итн., исто така и во другите градови во државата, така што во овој дел оставаме самите претпријатија да решат како ќе прават, но упатуваме апел до потрошувачите, особено овие сметки да се покриваат редовно, имајќи предвид дека трошоците за овие сметки реално се најмали во однос на останатите.

Дали цената на струјата ќе остане непроменета до крајот на годината или и тука има простор за измени во овој дел?

Ние секога година барањата од компаниите за цени ги добиваме од 15 мај доколку станува збор за снабдување и до 30 мај доколку станува збор за мрежните услуги, за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија. Во овој момент е прерано да зборуваме какви би биле цените. Факт е дека постоечкиот механизам којшто го има во законот за енергетика за регулираниот пазар онаму каде што има регулирана цена, каде што определува Регулаторна комисија за енергетика функционира успешно, бидејќи ЕЛЕМ благодарејќи на драстично намалување на трошоците во рудниците за околу 30 -40 милиони евра на годишно ниво споредено со претходниот период некаде од 2013/14 до 2016 и во основа на тоа и цената на ЕЛЕМ, односно на ЕСМ по ново која што им ја продава кон ЕВН home е намалена за 15-тина проценти, така што имаме сигурна ценовна стабилност во овој момент за домаќинствата коишто се на регулираниот пазар на електрична енергија и сега ќе видиме какви ќе бидат приликите при поднесувањето на барањата за цени, притоа возможно е ние правиме и анализи, првите четири-пет месеци се целосно некарактеристични во однос на потрошувачка, во однос на трошоци, што ќе има сериозно влијание при носењето на нашите одлуки и во наредниот период ќе бидеме во комуникации со компаниите и доколку има потреба можно е периодот на поднесување на барањата за цени да го одложиме со цел да имаме репрезентативни податоци и воделот на потрошувачката на електрична енергија.

Поднесовте измени во Законот за градба со кои се предвидува со секоја издадена дозвола да се прецизира точно на што ќе се грее објектот. Што точно правите за да се намали греењето на струја, а да се зголеми греењето на топлинска енергија?

Тие со таа наша иницијатива побаравме таму каде што има развиени систем со топлинска енергија, а тоа засега е само градот Скопје, да има мапирање, да се знае кој ќе се грее на електрична енергија, кој ќе се грее на топлинска енергија, затоа што е недозволиво таму каде што имаме развиен систем на топлинска енергија, кога се градат нови објекти, пред се нови згради да се приклучуваат за користење на електрична енергија и при тоа инвеститорите да пријавуваат екстремно мали моќности коишто би ги користеле од системот, значи со тоа бараме пред се за да го оптимизираме системот за топлинска енергија, да воведеме зголемена енергетска ефикасност, а и да ги намалиме трошоците за греење кај граѓаните да имаме, да се знае точно во кој дел од Скопје кој тип на греење ќе го имаме и во тој дел она што сега го правиме и е во завршна фаза сме со цел што е можно повеќе потрошувачи да привлечеме да се приклучуваат кон системот на топлинска енергија и ќе го намалиме некаде за околу 25 проценти трошокот за пристапување кон системот за топлинска енергија, со што даваме сигнал и од инвеститорите, пред се на новите згради, неместо само на електрична енергија, да се приклучуваат и на системот на топлинска енергија, бидејќи на тој начин и нивните трошоци ги намалуваме. Поголем број на потрошувачи на топлинска енергија, значи помала цена за топлинска енергија на крајните потрошувачи.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG