Директорот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски вели дека тие предлагаат да се оневозможи партиите да добиваат донации по завршувањето на изборниот процес, оти, како што вели, кога е познат победникот секој донатор сака да донира на партијата која победила.
Италија останува на позицијата дека отворањето преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да биде во пакет со Албанија, зашто и двете земји постигнале напредок во реформите, вели италијанскиот амбасадор Карло Ромео во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Никој не е над законот, и случајот Рекет и сите истраги поврзани со тоа покажаа дека навистина никој не е над законот, вели министерката Радмила Шекеринска.
Пред скоро две години го загубив татко ми и веднаш почнав да ја пишувам книгата бидејќи ми беше начин на справување со емоциите. Тогаш сфатив дека Танатос е многу силна инспирација. Дури посилна од Ерос, вели поетесата Снежана Стојчевска, за петтата стихозбирка „Ќе се завијам во песни“.
Радионовинарката Мира Костиќ заминува во пензија по 43 години работа. Целиот свој работен ангажман таа го помина во истата куќа, Македонското радио. Костиќ е специфична и по тоа што речиси три децении е собраниски известувач што ја прави и новинарка со најдолг стаж во парламентот.
Луѓето знаат да препознаат кога има искрена, чиста и позитивна енергија. Можеби нема да ги најдат вистинските зборови во тој миг да го искажат тоа, но ќе речат чекај ова е добро, вели во неделното интервју на РСЕ македонскиот уметник Џијан Емин.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во интервју за РСЕ вели дека нареден таргет на СДСМ по изборите ќе биде судството. Според него, споро им оди во таа област. Не зборуваме за целото судство, туку доменот онаму каде што е одлучувањето за криминалот.
Довербата во „Кацарска судството“ и „Русковска обвинителството“ одамна ја загубивме. Ние чекаме од тактички причини, да видиме до кога ќе се дават во жива кал заедно со нивниот налогодавач, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ДУИ ќе биде одлучувачки фактор на следните избори на тоа како ќе се движи Северна Македонија, а Северна Македонија нема друга алтернатива освен членството во ЕУ, вели министерот за економија Крешник Бектеши од редовите на ДУИ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Во избирачкиот список веројатно е дека сè уште се наоѓаат гласачите од Пустец, сè додека ја имаат личната карта и пасош, вели Оливер Деркоски, претседател ДИК.
Пресметките се дека се предвидени нешто над 6,7 милиони евра за претстојните избори. Имам информација дека тука ќе има амандманска интервенција со некаде уште милион и пол евра што значи некаде над 8 милиони евра ќе чинат овие избори, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
Германското друштво за интернационална соработка во Македонија (ГИЗ) е концетриранo на проекти поврзани со доброто владеење, животната средина и правосудството. На овие теми разговараме со директорот на ГИЗ Давид Оберхубер во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Вчитај повеќе