Деркоски – Изборите ќе чинат над 8 милиони евра
Пресметките се дека се предвидени нешто над 6,7 милиони евра за претстојните избори. Имам информација дека тука ќе има амандманска интервенција со некаде уште милион и пол евра што значи некаде над 8 милиони евра ќе чинат овие избори, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.