Курсот што го има заземено Градот Скопје, политиките кои што ги води, даваат резултат. Но проблемот со загадувањето не може да го решите на копче. Тоа е дефинитивно најпогрешниот пристап, вели Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Градоначалникот Петре Шилегов во интервју за Радио Слободна Европа вели дека Град Скопје до Владата доставила барање за сопствена општинска комунална полиција во насока на решавање на состојбата со сообраќајниот хаос во градот. Тој зборува и за Скопје 2014, аерозагадувањето и гасификацијата.
За Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашиот национален идентитет. Врз основа на тој лик ние сме создале држава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Во економијата квалитетот ќе биде пред сè, тој ќе биде детерминирачки, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Радио Слободна Европа. Тој вели дека Владата ќе промовира диверзитет при вработување во бизнис секторот, како што тоа се прави во светски фирми и меѓународни институции.
Во период на криза, кога нема раст на БДП, нема приходи, а има сериозни потреби за расходи, тогаш едноставно решение е задолжување на краток рок, но на среден рок ќе се стабилизира висината на долгот, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Радио Слободна Европа.
Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, смета германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн. Германија е земја претседавач со Унијата. Таа зборува и за неопходните реформи, новата методологија, борбата со ковид-19 и економската соработка.
Во наредниот период треба да се посветите на реформи за правна држава, борба против корупцијата, вклучувајќи ги реформите во правосудството, вели германската амбасадорка Анке Холштајн за РСЕ. Основно за многу области во општествениот живот е пописот кој е планиран за април, вели таа.
Дефинитивно се доцни, и со тоа што се одложи учебната година за еден месец укажува на тоа дека не бевме подготвени, вели Стефани Спировска, претседателка на Младински образовен форум во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Наставните материјали да се осовременат, да добиеме програми со кои учениците ќе се поттикнуваат да мислат критички, како и посилно вложување во професорите, се приоритетна реформа во образованието, вели Стефани Спировска од МОФ во интервју за РСЕ.
Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на РСЕ.
И покрај прекршувањата на мерките на настаните на отворено, бројката на заразени со ковид-19 не се зголеми драстично, но наесен работите може да се влошат, оти ќе има поголема концентрација на луѓе во затворена просторија, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Економијата не може да издржи уште едно затворање какво што имавме пролетоска, зашто домашните компании доминантно се микро и мали компании, кои се исклучително ранливи и не се толку издржливи за ваков тип на затворање и ваков тип на криза, вели директорката на Фајнанс тинк, Благица Петрески.
Вчитај повеќе