Целта на Преспанскиот договор, како што ја разбираме, е членство на Македонија во НАТО и ЕУ, но тоа не значи дека содржината на договорот е прифатлива од аспект на македонските национални интереси, вели пратеникот Илија Димовски.
Вистински тест се реформите со кои треба да се раскинат врските и релациите на власта - бизнис центрите на моќ со медиумите на начин што медиумите може да бидат корумпирани, вели претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Да ги искористиме овие години да бидат златни години, бидејќи искуството на другите земји коишто влегле во НАТО и зачекориле кон ЕУ, покажуваат дека тие години се годините на вистински промени, на економски развој.
Мора да се промени моделот на одлучување во Министерството за култура. Не е добро тројца или петмина да одлучуваат за толкав широк спектар на понуди од секоја дејност, и одлуките на крајот најчесто ќе бидат политички, да не речам партиски, вели режисерката Зоја Бузалковска.
Од Јавното обвинителство до Академија во два наврати во 2017 им рекле дека самата постапка е во предистражна фаза. Оттогаш Академијата нема друга информација што се случува со истрагата за фалсификуваните дипломи, вели Наташа Габер-Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители.
Инсистираме на предвремени парламентарни избори, бидејќи Зоран Заев сака да ги украде претседателските избори. Доказ за тоа е што не се процесирани нашите забелешките за нерегуларностите за време на референдумот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за РСЕ.
Досега за позитивната листа одлучувале 14 комисии со по 17 члена, а со промените одговорна за ревидирањето на позитивната листа ќе биде една комисија составена од експерти од различни области, вели министерот Филипче во интервју за РСЕ.
Во јуни треба да покажете дека сте подготвени за почеток на преговори, дека сте ги спровеле реформите и дека сте ги направиле потребните промени, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Грчкиот премиер е посветен да го спроведе Преспанскиот договор и јас верувам на неговата посветеност и решителност. Мислам дека треба да останеме оптимисти и да се фокусираме на позитивен развој, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Не верувам дека е прашање на политичка волја, мислам дека повторно партизација си го прави своето, со тоа што некакви кадрови решенија можеби влијаат за тоа дали нешто се спроведува на терен или не од ветувањата за почиста животна средина, вели Ана Чоловиќ- Лешоска.
Првиот човек на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска уверува дека се е подготвено за непречено одвивање на прогресивното оданочување, кое ќе опфати 38 000 лица во земјава.
Десет илјади лица остваруваат плата повисока од 90 илјади денари, а 38 илјади лица ќе бидат опфатени во рамки на прогресивното оданочување, вели директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Вчитај повеќе