Кога нашиот тим го посети градот Селидове во Донбас, виде дека украинските сили ги спречуваат руските напади користејќи артилериско оружје, наречена Виолета, заробено од руските трупи пред две години. Известува Олексиј Продајвода од Current Time, ТВ и онлајн мрежа на руски јазик, во рамките на РСЕ.
Биби Рафија предава 24 години во женско училиште во Пакистан каде има само една просторија за пет паралелки. Рафија вели дека им е тешко на децата да учат во преполната соба и додава дека ако им треба тоалет, мора да ја користат куќата на соседот. Во Пакистан, многу училишта се во шатори.
Љупчо Палески - Палчо денеска не седна на обвинителна клупа. Обвинението за него денеска беше споено со првото против четворицата негови соучесници во убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кривичниот суд денеска донесена одлука судењето за петтемина да почне на 20 септември.
Три недели откако украинските трупи извршија ненадеен упад на руска територија, локалното население во регионот Курск го сподели својот гнев поради неочекуваниот пресврт што ја донесе војната во нивните домови.
Околу 500 преостанати жители живеат под постојано руско гранатирање во Часив Јар во украинската област Доњецк. Локалните жители немаат вода и основна хуманитарна помош, а починатите ги закопуваат во дворовите.
Аналитичарите предупредуваат дека шансите за поширока регионална војна на Блискиот исток се зголемуваат по убиството на Исмаил Ханије, шефот на палестинската екстремистичка група Хамас, која е означена како терористичка организација од САД и Европската унија.
Сестрите Јулдуз и Фариба Хашими се првите жени велосипедисти од Авганистан што се натпреваруваат на Олимпијадата. Тие побегнаа од својата земја откако талибанците ја презедоа власта во 2021 година, кога беа укинати правата на жените, вклучително и забраната на жените да учествуваат во спортот.
Украинците се потат среде жештините и недостогот од струја. Со температури од 40 степени Целзиусови, Украинците се соочуваат со рационализирање на електричната енергија бидејќи руските напади врз нивната енергетска инфраструктура го земаат својот данок.
Денеска во Киев знамињата се на половина копје во знак на жалост од вчреашниот руски ракетен напад, во кој загинаа над 40 лица, а над 160 беа повредени. Беше погодена и детска болница, каде што е во тек расчистување на урнатините.
Според првичните резултати, победник на изборите во Франција е левичарската алијанса Нов народен фронт и покрај тоа што очекувањата беа на првото место да заврши крајната десница на Ле Пен. Иако овие резултати се олеснување за многумина во Европа, ќе биде тешко да се формира функционална влада.
Патролни чамци, испорачани од САД, се распоредени на реката Дњепар за да го одбранат главниот град Киев од ракетни и беспилотни летала.
Најмалку 15 лица загинаа во Киргистан како резултат на силните поплави кои предизвикаа уривање на мостови и и патишта. На 2 јули властите прогласија вонредна состојба во четири региони и предупредија дека обилните дождови и ризикот од дополнителни поплави најверојатно ќе продолжат.
Вчитај повеќе