Околу 500 преостанати жители живеат под постојано руско гранатирање во Часив Јар во украинската област Доњецк. Локалните жители немаат вода и основна хуманитарна помош, а починатите ги закопуваат во дворовите.
Аналитичарите предупредуваат дека шансите за поширока регионална војна на Блискиот исток се зголемуваат по убиството на Исмаил Ханије, шефот на палестинската екстремистичка група Хамас, која е означена како терористичка организација од САД и Европската унија.
Сестрите Јулдуз и Фариба Хашими се првите жени велосипедисти од Авганистан што се натпреваруваат на Олимпијадата. Тие побегнаа од својата земја откако талибанците ја презедоа власта во 2021 година, кога беа укинати правата на жените, вклучително и забраната на жените да учествуваат во спортот.
Украинците се потат среде жештините и недостогот од струја. Со температури од 40 степени Целзиусови, Украинците се соочуваат со рационализирање на електричната енергија бидејќи руските напади врз нивната енергетска инфраструктура го земаат својот данок.
Денеска во Киев знамињата се на половина копје во знак на жалост од вчреашниот руски ракетен напад, во кој загинаа над 40 лица, а над 160 беа повредени. Беше погодена и детска болница, каде што е во тек расчистување на урнатините.
Според првичните резултати, победник на изборите во Франција е левичарската алијанса Нов народен фронт и покрај тоа што очекувањата беа на првото место да заврши крајната десница на Ле Пен. Иако овие резултати се олеснување за многумина во Европа, ќе биде тешко да се формира функционална влада.
Патролни чамци, испорачани од САД, се распоредени на реката Дњепар за да го одбранат главниот град Киев од ракетни и беспилотни летала.
Најмалку 15 лица загинаа во Киргистан како резултат на силните поплави кои предизвикаа уривање на мостови и и патишта. На 2 јули властите прогласија вонредна состојба во четири региони и предупредија дека обилните дождови и ризикот од дополнителни поплави најверојатно ќе продолжат.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека командантот на Здружените сили на украинската војска Јуриј Содол ќе биде сменет со бригадниот генерал Андриј Хнатов. Овој потег дојде откако Содол беше критикуван за прекумерни жртви и застарена тактика на фронтот.
Украинска артилериска единица навива за националниот фудбалски тим кој се натпреварува на Европското фудбалско првенство. Војниците ги користат малите паузи во борбите за да гледаат фудбал.
Во некои пакистански провинции, постојат постојани пречки за еднаквоста на жените и девојчињата, од вклучување во образованието до брачни права. За Хума Хашмат, студентка на Универзитетот во Пешавар, стремежот за поголема автономија започнува со возење на нејзиниот мотор.
Некогаш беа лични телохранители на рускиот претседател Владимир Путин, но сега имаат високи позиции како гувернери и владини службеници. Еден од нив дури тврди дека го спасил Путин од мечка. Тој сега е секретар на претседателскиот советодавен одбор.
Вчитај повеќе