Во некои пакистански провинции, постојат постојани пречки за еднаквоста на жените и девојчињата, од вклучување во образованието до брачни права. За Хума Хашмат, студентка на Универзитетот во Пешавар, стремежот за поголема автономија започнува со возење на нејзиниот мотор.
Некогаш беа лични телохранители на рускиот претседател Владимир Путин, но сега имаат високи позиции како гувернери и владини службеници. Еден од нив дури тврди дека го спасил Путин од мечка. Тој сега е секретар на претседателскиот советодавен одбор.
Тензично e во и надвор од албанскиот парламент, каде се одржува протест на опозицијата. Власта го одби барањето на опозицијата да се расправа околу истражувачките стории на италијанската РАИ 3 и најтиражниот германски весник „БИЛД“ каде Албанија е нарекувана наркодржава.
Тројца Грузијци сведочат како или биле отпуштени или биле под притисок да си дадат отказ доброволно откако ја критикувале владата преку Интернет или се приклучиле на протестите против контроверзниот закон за „странски агенти“.
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е уапсен под сомнение за земање мито во вредност од 10 милиони долари, јавуваат руските медиуми. Што се крие зад апсењето на Иванов и зошто тоа може да го ослабне неговиот шеф, министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Жителите на Подгорица со години се изложени на опасни токсини, благодарение на практиката на околните компании за отпад, кои согоруваат дотраени гуми за да извлечат метална жица од нив. Тоа предизивкува сериозни здравствени проблеми. Црногорските власти молчат, велат експертите.
Шест месеци откако е притворена во Русија, американската новинарка Алсу Курмашева вели дека ќе излезе на слобода „како невина личност“. Курмашева, која работи за Татар-Башкир Сервисот на РСЕ, е обвинета за непријавување како странски агент и ширење дезинформации за руската војска.
И покрај сцените на славење на толпи луѓе на улиците на Техеран, слушателите на РСЕ во Иран не контактираа за да изразат загриженост за можните последици од масовниот напад на нивната земја врз Израел.
Русија користи модифицирани бомби од советската ера, според украинските војници и цивили во источниот регион Доњецк. Масивните кратери во и околу Адвијивка покажуваат дека ФАБ бомбите биле масовно користени од Русија при заземањето на градот.
Анкета на РСЕ со туристи во Скопје: Што им се допаѓа, а што не?
Украинските сили градат стотици километри утврдени ровови долж линиите на фронтот за да се обидат да го спречат руското напредување. Во еден дел од регионот Харков, мрежа од тунели служи како добро опремен подземен гарнизон за војниците стационирани таму.
Единици на украинската армија започнаа свои кампањи за регрутирање на војници додека Киев ги разгледува плановите за дополнителна мобилизација. Целта е на цивилите да им се даде претстава за воената обука со надеж дека тоа ќе ги мотивира да се пријават.
Вчитај повеќе