Лидерите на НАТО ќе се сретнат во Вашингтон од 9 до 11 јули. Војната во Украина повторно ќе доминира во дискусиите поради притисокот на организацијата да испрати повеќе оружје и да преземе поформална улога во помагањето на Украина.
Иранците ќе изберат нов претседател на 28 јуни, повеќе од еден месец по смртта на Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа. Шест кандидати, вклучително и еден единствен реформист, беа избрани од политичкиот естаблишмент на исламската република.
На иницијатива на доктор Стефан Арсенков, специјалист по абдоминална хирургија, во Универзитетска клиника „Св.Наум Охридски“ во Скопје речиси две години се изработуваат 3Д реплики на внатрешни органи на пациенти.
Во Швајцарија заврши меѓународниот самит на кој земјите се согласија со принципите на мировниот договор меѓу Украина и Русија и најавија дека ќе ја поканат Русија на втората меѓународна конференција. Околу 100 држави и организации присуствуваа на Самитот за мир во Украина.
Со натпреварот меѓу домаќинот, Германија и селекцијата на Шкотска, започнува Европското првенство во фудбал. Еден месец ќе се борат 24 репрезентации, на вкупно 51 натпревари, на десет стадиони.
Од едната страна - угостителски објекти, бучава од музика и џагор на гости на летните тераси низ Скопје. Од другата, револтирани граѓани кои живеат во близина. Мерките на институциите немаат ефект, а лекарите предупредуваат дека изложеноста на бучава носи ризик по здравјето.
25 години откако силите на КФОР предводени од НАТО пристигнаа на Косово за да го зачуваат мирот меѓу етничките Албанци и Србите, а Фатмир Кељменди сè уште има живи спомени од пречекот на француските војници во градот Митровица.
Трендот македонски работници, пред сè од угостителството, летниот период да работат во Хрватска се зголемува од година во година. Агенциите кои посредуваат за работа таму, велат годинава интересот е значително зголемен. 13.412 Македонци имаат работна дозвола летово да го поминат во Хрватска.
Од 6 до 9 јуни се одржуваат избори за Европскиот парламент. Во 27-те земји-членки на ЕУ можат да гласаат околу 370 милиони луѓе. Според анкетите, се предвидува дека ќе има зголемување на она што нашироко се нарекува популистичка десница. Некои од нив изразуваат проруски чувства.
Во САД претседателот се избира на многу покомплициран начин отколку во Северна Македонија. Гласањето таму не е директно - не се гласа директно за кандидатите, туку за нивните претставници. Самите избори се одржуваат во две фази - првични и актуелни. Какви се првичните избори погледнете во видеото.
Во најголемата ромска општина има 8.000 пациентки во репродуктивно здравје. Од нив, 2.500 имаат здравствено осигурување, но не избрале матичен гинеколог. Уште 1.000 пациентки немаат здравствено осигурување. Ординацијата на д-р Крстевски е трета во последните седум години. Двете претходни затворија
Единствениот гасовод низ кој тече гас во Северна Македонија е од Бугарија и е долг 98 километри. Изграден во 90-тите години. Три нови гасоводи се делумно изградени, а сите други се само планови на хартија. Зошто?
Вчитај повеќе