Лидерите на НАТО на состанокот во Вашингтон ја обновија поддршката за Украина и рекоа дека борбените авиони, ветени за Киев ќе летаат над земјата „ова лето“. Во заедничката декларација, се вели дека патот на Украина кон пристапување во алијансата е „неповратен“.
Лидерите на НАТО се собраа на 9 јули во Мелон Хол во Вашингтон за да ја прослават 75 годишнината од Алијансата, основана на истото место.
Самит на НАТО во Вашингтон, кога Алијансата одбележува 75 години од нејзиното основање. Дописничката на РСЕ Зориана Степаненко јавува дека војната во Украина е на врвот на агендата, но многу сојузници се фокусирани и на претстојните претседателски избори во САД и иднината на НАТО.
Лидерите на НАТО ќе се сретнат во Вашингтон од 9 до 11 јули. Војната во Украина повторно ќе доминира во дискусиите поради притисокот на организацијата да испрати повеќе оружје и да преземе поформална улога во помагањето на Украина.
Иранците ќе изберат нов претседател на 28 јуни, повеќе од еден месец по смртта на Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа. Шест кандидати, вклучително и еден единствен реформист, беа избрани од политичкиот естаблишмент на исламската република.
На иницијатива на доктор Стефан Арсенков, специјалист по абдоминална хирургија, во Универзитетска клиника „Св.Наум Охридски“ во Скопје речиси две години се изработуваат 3Д реплики на внатрешни органи на пациенти.
Во Швајцарија заврши меѓународниот самит на кој земјите се согласија со принципите на мировниот договор меѓу Украина и Русија и најавија дека ќе ја поканат Русија на втората меѓународна конференција. Околу 100 држави и организации присуствуваа на Самитот за мир во Украина.
Со натпреварот меѓу домаќинот, Германија и селекцијата на Шкотска, започнува Европското првенство во фудбал. Еден месец ќе се борат 24 репрезентации, на вкупно 51 натпревари, на десет стадиони.
Од едната страна - угостителски објекти, бучава од музика и џагор на гости на летните тераси низ Скопје. Од другата, револтирани граѓани кои живеат во близина. Мерките на институциите немаат ефект, а лекарите предупредуваат дека изложеноста на бучава носи ризик по здравјето.
25 години откако силите на КФОР предводени од НАТО пристигнаа на Косово за да го зачуваат мирот меѓу етничките Албанци и Србите, а Фатмир Кељменди сè уште има живи спомени од пречекот на француските војници во градот Митровица.
Трендот македонски работници, пред сè од угостителството, летниот период да работат во Хрватска се зголемува од година во година. Агенциите кои посредуваат за работа таму, велат годинава интересот е значително зголемен. 13.412 Македонци имаат работна дозвола летово да го поминат во Хрватска.
Од 6 до 9 јуни се одржуваат избори за Европскиот парламент. Во 27-те земји-членки на ЕУ можат да гласаат околу 370 милиони луѓе. Според анкетите, се предвидува дека ќе има зголемување на она што нашироко се нарекува популистичка десница. Некои од нив изразуваат проруски чувства.
Вчитај повеќе