Жителите на Кичево и околината се лекуваат во зграда што се распаѓа, стара еден век. Нова болница почна да се гради пред 39 години. За тоа време се потрошија милиони евра, а зградата уште е карабина. Министерот Таравари рече дека изградбата на оваа болница е меѓу приоритетите на Владата.
Гласачите во Вашингтон, доцна на 5 ноември се собраа на јавни места за да ги следат резултатите од претседателските избори. Расположението беше различно, во зависност од тоа кого поддржуваат.
Барикади на прозорците на некои објекти во близина на Белата куќа во Вашингтон, пред претседателските избори на 5 ноември. Градот е во состојба на висока готовност за потенцијални немири, иако нема информации за конкретни закани.
Сè порепресивните услови во руските затвори ги тераат очајните затвореници да се пријават во војската за да се борат во Украина. Говорејќи за РСЕ од зад решетки во Русија, затвореник од Киргистан вели дека многу осуденици се пријавуваат затоа што не можат да издржат толку тешки затворски услови.
По неколкумесечни одложувања, од Италија пристигнуваат првите мигранти кои ќе бидат сместени во новите контроверзни центри за азил во Албанија. Минатата година, владата на премиерката Џорџа Мелони постигна договор со Албанија, која не е членка на ЕУ, да постави миграциски центри во таа земја.
На „мостот на пријателство“, некогаш фреквентен премин меѓу Русија и Естонија, возилата веќе не смеат да поминуваат. Од целосната инвазија на Украина, Естонија мораше да ја зајакне својата безбедност долж границата. Повеќето етнички Руси во Нарва гледаат руски телевизии.
Иран истрела балистички ракети кон Израел на 1 октомври како одмазда за израелските операции насочени кон Хезболах во Либан, поддржан од Иран. Израелската војска соопшти дека ќе му возврати на Иран во догледно време.
Австриската крајнодесничарска, антиимиграциска Партија на слободата победи на парламентарните избори во земјата, добивајќи околу 29 отсто од гласовите. Тоа е прва победа на крајната десница на националните избори во повоена Австрија.
Северна Македонија ги укина патничките возови долж Коридорот 10, оти локомотивите се расипани. И тованиот сообраќај не е во добра состојба. Идеја има за брза пруга која ќе фати приклучок на српската, за да се вози со 200 км/час, но проект нема. Моментално дел од возовите се движат и со 20 км/час.
На 24 септември 2023 година, десетици вооружени лица од етничките Срби, нападнаа полициска единица во селото Бањска во северно Косово. Овој месец, косовските власти обвинија 45 лица за нападот, вклучително и политичар за кој се смета дека е на слобода во Србија. Мотивите остануваат нејасни.
Светските лидери се собираат во Њујорк од 24 септември на годишното Генерално собрание на Обединетите нации. Ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по израелските напади во Либан и нападите на електронските уреди, плус конфликтите во Газа и Украина се очекува да доминираат на агендата.
Украинка, операторка со беспилотни летала, користи фотографии од повреди на лицето што ги добила во руски напад за да ги зголеми фондовите за помош на армијата. Јана Залевска вели дека била мотивирана да ѝ се придружи на војската кога нејзиниот роден град, Керсон, бил окупиран од руските сили.
Вчитај повеќе