Ексклузивната приказна за еден украински дуќанџија, волонтер на територијална одбрана, чие тело беше пронајдено, со врзани раце и рана од куршум во главата во Буча. Олексиј Побихај беше меѓу стотиците Украинци масакрирани од окупаторските руски сили во март 2022 година.
На 30-годишнината од стартот на изградбата на пругата кон Бугарија скепса кај граѓаните дека ќе биде завршена. Додека на највисоко ниво има натегања меѓу двете земји за условите за градење на граничниот тунел кој ќе ги поврзе, РСЕ на терен каде бавно оди изградбата на пругата од македонска страна.
Осум ипол години огромниот објект на новата болница во Штип стои празен - работници последен пат влегле тука во 2017. Во меѓувреме, внатре почнало да пропаѓа и тоа што било направено. Мицкоски најави дека се работи на медицинско-техничко-економски модел и очекува од 2025 да продолжи изградбата.
Колку и да е парадоксално, кабелот е причина што не проработи новиот дел на струмичката болница. На тоа упатуваат изјавите на соговорниците на РСЕ, зошто една од најсовремените болници во јавното здравство во Северна Македонија не е во употреба иако изградбата беше завршена уште во 2021 година.
Жителите на Кичево и околината се лекуваат во зграда што се распаѓа, стара еден век. Нова болница почна да се гради пред 39 години. За тоа време се потрошија милиони евра, а зградата уште е карабина. Министерот Таравари рече дека изградбата на оваа болница е меѓу приоритетите на Владата.
Гласачите во Вашингтон, доцна на 5 ноември се собраа на јавни места за да ги следат резултатите од претседателските избори. Расположението беше различно, во зависност од тоа кого поддржуваат.
Барикади на прозорците на некои објекти во близина на Белата куќа во Вашингтон, пред претседателските избори на 5 ноември. Градот е во состојба на висока готовност за потенцијални немири, иако нема информации за конкретни закани.
Сè порепресивните услови во руските затвори ги тераат очајните затвореници да се пријават во војската за да се борат во Украина. Говорејќи за РСЕ од зад решетки во Русија, затвореник од Киргистан вели дека многу осуденици се пријавуваат затоа што не можат да издржат толку тешки затворски услови.
По неколкумесечни одложувања, од Италија пристигнуваат првите мигранти кои ќе бидат сместени во новите контроверзни центри за азил во Албанија. Минатата година, владата на премиерката Џорџа Мелони постигна договор со Албанија, која не е членка на ЕУ, да постави миграциски центри во таа земја.
На „мостот на пријателство“, некогаш фреквентен премин меѓу Русија и Естонија, возилата веќе не смеат да поминуваат. Од целосната инвазија на Украина, Естонија мораше да ја зајакне својата безбедност долж границата. Повеќето етнички Руси во Нарва гледаат руски телевизии.
Иран истрела балистички ракети кон Израел на 1 октомври како одмазда за израелските операции насочени кон Хезболах во Либан, поддржан од Иран. Израелската војска соопшти дека ќе му возврати на Иран во догледно време.
Австриската крајнодесничарска, антиимиграциска Партија на слободата победи на парламентарните избори во земјата, добивајќи околу 29 отсто од гласовите. Тоа е прва победа на крајната десница на националните избори во повоена Австрија.
Вчитај повеќе