Кике Цветче и Иван Ајнштајн кои во јавноста како пар се прославија на Јутјуб, за некои од нивните фанови се вистински пример за добра врска. За тоа како тие ја споделуваат љубовта на социјалните мрежи и дали чувствуваат некаква одговорност, разговараа со РСЕ
Студентот и активист Кристијан Лазаров кој има оштетен вид сфатил дека баш не е виден од општеството како индивидуалец, па се вклучува во тела со моќ повисока од индивидуалната за да биде виден и слушнат. Има намера да го направи попристапен и поприфатлив животот на луѓето со попреченост.
Преку повик за помош на Фејсбук, социјалната работничка Моника Чекаловиќ, собра екипа волонтери и без директен контакт со парите, заедно од темел изградија куќа за сиромашно семејство во село Кучевиште, Чучер Сандево. Но предупредува дека во некои хуманитарни акции мотивите не се искрени.
Девојки од шест различни националности кои играат за женскиот ракометен клуб „Чаир“ стигнаа до третото коло во Европскиот куп - второто по ранг клупско натпреварување на ЕХФ. Велат дека немаат ниту еден спонзор и тераат напред, со многу ентузијазам и добра разбирачка во екипата.
ЛГБТИ младите во Македонија почесто се малтретирани отколку нивните хетеросексуални врсници, покажуваат истражувањата. Машките почнуваат и тепачки со геј врсниците, а лезбијките најчесто ги напаѓаат „само“со хејтање. Девојчињата се потолерантни во однос на сексуалните избори.
Две млади девојки од Македонија ги споделија за РСЕ своите сведоштва за борбата со рак на дојка. За тоа што поминуваат низ болеста пишуваат и на социјалните мрежи за да порачаат дека ракот не прашува за години. Најмладата пациентка во последните 10 години, имала само 17 години.
Средношколецот Јан Стојановски, ги победи сите пријавени врсници на последната Балканска олимпијада по физика. Зборувајќи за медалите, за РСЕ сподели дека не можеш само да учиш, без да се дружиш, ниту само да 'лудуваш' без да фатиш книга, ако сакаш да успееш во светот на науката
Читањето стрипови сѐ повеќе станува актуелно меѓу младите, велат средношколките Софија и Јана од Скопје кои на филмскиот фестивал „Џифони Македонија“ се дружеа со италијански автори на култни стрипови, како и со врсници од седум европски држави
Сѐ повеќе млади имаат „сенс“ кон другите, велат социолозите, но тоа сѐ уште не е доволно. Некои веќе работат и директно со социјално загрозени или маргинализирани луѓе. Националниот младински совет е една од организациите која ги поттикнува да формираат социјални претпријатија.
Дваесетитригодишната македонска музичарка Дина Јашари ја доби годинешната регионална награда „Милан Младеновиќ“, именувана во чест на фронтменот на групата Екатарина Велика (ЕКВ).
Бруцошите кои ги сретнавме во кампусот на УКИМ за време на првиот ден од новата академска година велат дека немаат инфо за тоа што е Универзитетско студентско собрание (УСС), како може да ги заштити нивните студентски права и какви проблеми може да им реши.
Што мислат средношколците за барањето на дел од градоначалниците да се продолжи зимскиот распуст, а да се скрати летниот или да има онлајн настава поради енергетската криза и какво решение би понудиле тие кога би биле на функција?
Вчитај повеќе