Касписките фоки се единствените морски цицачи во Каспиското Море и не живеат на друго место. На почетокот на 20 век, нивната популација броеше еден милион, а сега се проценува дека таа се намалила и изнесува од 70 000 до 300 000. Бројките не се прецизни.
Во главниот град на Азербејџан, Баку, на 11 ноември започна 29-та Конференција на ОН за климатски промени (КОП29) со надеж дека ќе напредува во глобалната битка за борба против климатските промени. Но, веднаш избувнаа и расправии околу агендата на состанокот.
Во услови на зголемени цени на електричната енергија, Пакистанците се префрлаат на прифатливи кинески соларни панели за напојување на нивните домови, мали бизниси и фабрики. Но, соларниот прилив го остава Исламабад со долготрајна дупка во буџетот што би можело да предизвика нова криза.
Соочени со најскапите цени на електрична енергија во Јужна Азија, многу Пакситанци излегуваат надвор од мрежата и се свртуваат кон евтините соларни панели од Кина. Но, промената значи драстичен пад на клиентите за државната електрична мрежа во Пакистан.
Додека Азербејџан се подготвува да биде домаќин на глобалниот самит за климата овој месец, државата е во центарот на вниманието. Но, како што често се случува кога оваа авторитарна држава богата со нафта е домаќин на меѓународен настан од висок профил, голем дел од публицитетот за неа е лош.