Достапни линкови

Како Каспиското море стана бојно поле


Московски поморски бродови закотвени во близина на пристаништето Каспијск на Каспиското Море во руски Дагестан
Московски поморски бродови закотвени во близина на пристаништето Каспијск на Каспиското Море во руски Дагестан

Операциите на руските воени сили во и околу Каспиското Море се чини дека имаат неизмерени влијанија врз локалната средина во Украина, покрај тоа што предизвикуваат големи уништувања при погодување на целите.

Украинските власти објавија дека руски авиони истрелале проектили од морето во првите денови од целосната инвазија на Москва во 2022 година и оттогаш тоа постојано го правеле.

Луѓето кои живеат покрај Каспиското Море, исто така, пријавиле лансирање на проектили. Во еден случај оваа година беше објавено видео на кое очигледно е прикажано лансирање на крстосувачка ракета Калибр.

Некои локални жители рекоа дека воената активност предизвикува загадување, додека некои новинари сугерираа за поврзаност помеѓу лансирањето и изумирањето на касписките фоки.

Русија не потврди дека го користи Каспиското Море за напади врз Украина. Сепак, во октомври 2015 година, официјалните медиуми го цитираа тогашниот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека Касписката флота погодила цели во Сирија користејќи ракети Калибр. Имаше уште еден таков извештај следната година.

Пријавените напади од 2022 година главно доаѓаат од бомбардери кои крстарат над Каспиското Море, истрелувајќи крстосувачки ракети X-55.

Можно е Касписката флота да истрелала ракети Калибр, но украинските вооружени сили рекоа дека нема јасни докази за тоа.

Драстично опаѓа нивото на Касписко Море
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Видео објавено од локални рибари во јуни покажува два проектила. Дел од проектилот повеќе наликува на оној на Калибр отколку на воздушно лансирана крстосувачка ракета.

Но, локалната загриженост за влијанието врз животната средина на руската Касписка флота датира пред целосната инвазија во 2022 година.

Москва веќе градеше нова база за флотата во Каспијск, во Дагестан, а во јуни 2020 година таму одржа парада на бродови.

Еден локален жител за Радио Слободна Европа изјави дека настанот, кој оттогаш се одржува секоја година, го остава морето покриено со нафта, а мртви риби се натрупуваат на брегот.

„Пред околу 30 години, морето беше полно со живот. Не повеќе. Летото испливав до бродовите и видов што се случува. Касписката флота е еден од факторите“, рече тој.

РСЕ е прогласена за „непожелна организација“ од Москва, па затоа името на човекот не се открива бидејќи тоа би можело да го одведе во затвор.

Локална жителка, која исто така мора да остане анонимна, рече дека се преселила во Каспијск од регионалниот главен град Махачкала пред девет години, надевајќи се дека водата ќе биде почиста.

Таа признава дека ситуацијата „многу се променила“ од тоа време и го опиша влијанието на годишните поморски паради.

„Бродовите не се во пристаниште, тие се закотвени на море. Тие горат гориво деноноќно, има постојан татнеж на мотори и секако сите емисии на штетни гацови одат во морето“, рече таа и додава:

„Тогаш бродовите почнуваат да пукаат. Има ужасна атмосфера. Мирисот на горење се чувствува дури и низ затворени прозорци... невозможно е да се дише“.

Флотата исто така одржува вежби секој септември. Оваа година беа вклучени повеќе од 30 пловни објекти во вежбите.

Бродот Татарстан на Касписката флотила истрелува проектил на цел во Сирија
Бродот Татарстан на Касписката флотила истрелува проектил на цел во Сирија

Вежбите се одржуваат подалеку од морето, но нашите извори ни рекоа дека на брегот се акумулираат наслаги од гориво и голема количина мртви риби.

Новинарите ги поврзаа и вежбите и вистинската борбена активност со загадувањето и евентуално масовните смртни случаи на фоки.

И крстосувачките ракети „Калибр“ и „Х-55“ користат токсично ракетно гориво што може да се излее во морето.

Но, не се собрани независни научни податоци за да се процени влијанието на воените активности на Русија врз животната средина во и околу Каспиското море.

XS
SM
MD
LG