Истражувањето на Балканскиот сервис на РСЕ откри кампања за дезинформации насочена кон четири држави на Балканот, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија. Пропагандната мрежа брзо создава стотици медиумски написи, кои често се засноваат на содржина од руски медиуми во моментов забранети од ЕУ.