Ексклузивната приказна за еден украински дуќанџија, волонтер на територијална одбрана, чие тело беше пронајдено, со врзани раце и рана од куршум во главата во Буча. Олексиј Побихај беше меѓу стотиците Украинци масакрирани од окупаторските руски сили во март 2022 година.
Украински пронаоѓачи развија повеќе од 200 различни копнени роботски системи во последната година. Уредите можат да поставуваат мини, да уништуваат непријателски позиции, да транспортираат опрема и гранати, или да пукаат со митралези.
Руска граната падна толку блиску што можеше директно да ја погоди екипата на РСЕ на линијата на фронтот во украинскиот регион Доњецк. Дописникот Роман Пахулич и снимателот Павло Холодов биле со украински војници кои управувале со беспилотни летала на 10 октомври кога паднала граната.
Руската безбедносна служба (ФСБ) регрутирала украински деца за да палат украински воени автомобили. Ексклузивна истрага на РСЕ разговараше со деца на возраст од 12 години кои палеле автомобили и друг владин имот за да заработат брзи пари.
Со оглед на тоа што руските сили се подготвени да го нападнат Покровск, клучен логистички центар за украинската војска на исток, нејзините изморени жители се принудени да се евакуираат од градот.
Три недели откако украинските трупи извршија ненадеен упад на руска територија, локалното население во регионот Курск го сподели својот гнев поради неочекуваниот пресврт што ја донесе војната во нивните домови.
Жителите на рускиот пограничен град Суџа изгледаа шокирани и дезориентирани од неговото заземање од страна на украинските сили. Украина започна ненадеен прекуграничен напад во Русија на почетокот на август и сега држи дел од руска територија.
Болниците и продавниците во областите во Русија под контрола на Украина не работат, а цивилите се соочуваат со недостиг на храна и вода, според Михајло Подољак, високиот советник на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Додека Русија најави нов бран евакуации поради борбите во нејзиниот регион Курск, Украина соопшти дека е подготвена да прими руски бегалци. Пратеничка во украинскиот парламент за Радио Слободна Европа изјави: „Им треба помош и можат да ја добијат“.
Украина го ограничи движењето на цивилите во 20-километарска област во северозападниот регион Суми во земјата, кој се граничи со Русија, а каде што се водат тешки борби по ненадејниот упад на Киев.