„Тие мора да вратат сè“: Украинците за предложената размена на територии
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју изјави дека Украина може да понуди да се откаже од територијата што ја контролира во рускиот регион Курск во замена за враќање на украинската земја под контрола на Русија. Некои украински граѓани за РСЕ изјавија дека ја поддржуваат идејата, особено ако тоа значи дека раселените луѓе можат да се вратат дома, додека други се загрижени дали Украина ќе добие доволно од нејзината територија во потенцијална размена.