Шпоретот во ранец... и правец планина

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Кога ќе се „спојат“ дипломатија и камперство се добива „Мобистоув“, мобилен шпорет на биомаса. Иновација е на економскиот дипломат, кампер и иноватор Трајче Рушев. Едноставен, а многу ефикасен и практичен систем за готвење во природа. Имал 12 прототипови, за финалниот, целосно дизајниран и произведен во Македонија, сериозно да биде дел од секоја камперска опрема, на секој излет, во ранецот на секој планинар... Овој изум и неговиот креатор во ги претставуваме во оваа епизода на серијалот на РСЕ, „Иноватори“