Македонски џебен „кардиолог“
Овој „џебен доктор“ е иновација на проф. д-р Марјан Гушев и неговиот тим од Иновејшн ДООЕЛ. Од тимот велат дека не само што заменува класичен холтер за следење на работата на срцето, туку и низа кардиолози кои треба да ги читаат и анализираат податоците соберени при следење на работата на срцето. Иновацијата може да се именува како "континурано мониторирање на рабоатата на срцето и детекција на животно-загрозувачки пореметувања во реално време на пациенти во движење" или едноставно како џебен ЕКГ монитор и анализатор. Мал по габарит и опремен со сотвер базиран на вештачка интелигенција, може да се носи постојано, го следи срцето и дури и „крева тревога“ кога нешто не е во ред. Снимените податоци ги праќа до мобилниот телефон на корисникот и од таму до клауд систем каде се анализираат и готови може да ги види докторот. Иновацијата е лиценцирана и потврдена од надлежни институции и како таква веќе е комерцијализирана и барана.