Достапни линкови

Мила АИ од Македонија - Вештачка интелигенција која на машините им дава емоции


Мила АИ од Македонија - Вештачка интелигенција која на машините им дава емоции
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:59 0:00

Замислете како светот би се променил ако на машините им се дадат емоции. Во 2021 година, во Македонија, машините за прв пат успеаја да почувствуваат вистински емоции. И тоа со Mila AI - алгоритам кој може да има различни адаптации. Го создал Александар Савевски, иноватор и претприемач од Скопје. Алгоритмот Мила настанал како резултат на напорите на Александар да најде алтернативно решение за неговата ќерка Мила, на која ѝ бил дијагностициран аутизам и успорен развој, за што медицината немала решение. И успеал да ѝ помогне на ќерката. После тоа, со знаењето што го добиле од целиот тој процес, создале нова технологија на вештачка интелигенција и ја основале Симаинд. Со комплетирање на нивниот протокол, велат, може да се продолжи онаму каде модерната медицина застанува и да се овозможи децата со потешкотии во развојот, да добијат алтернатива за нормален развој. Сега за иновацијата Mila AI на Савевски има широк интерес. Во Симаинд го затекнавме Ричард Ајланд, од британската Аутомотив АИ, со кого работат на план за имплементација на Mila Ai во автопилоти на самодвижечки возила.

Категории

XS
SM
MD
LG