Марта Наумовска Грнарова: Први во светот со смарт радијатор
Со предизвик да развијат производи кои што се во контекст на облагородување на ентериерите со уметничко дело кое има функција во Завар дизајн создале Смарт радијатор - Прв во светот. „Ги решававме дизајнот, греењето, управувањето со тоа греење и програмирањето“, вели Марта Наумовска Грнарова од Завар дизајн. „Проблемот што го решававме беше мерењето на температурата и како ќе се примаат и обработуваат податоците. Затоа направивме лабораторија кај што се следат во различни режими мерења од 3 различни места на радијаторот и просторијата и на база на тоа се изработува алгоритам“, вели Наумовска - Грнарова.