Одбележувањето на 119 те години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев уште еднаш беше повод за бугарската страна да испрати пораки за спорот со Северна Македонија кој ги блокира евроинтеграциите на земјава. Од друга страна, се засилува меѓународниот притисок за решавање на спорот за ввреме на француското претседавање со ЕУ и со тоа да се отвори патот за одржување на првата меѓувладината конфренција со Унијата со која и официјално би почнале преговорите за членство.
Видете и ова: Блокирано Собрание за спас на државата или за деструкција?Притисокот врз Бугарија веќе не е тајна, ниту во бугарското општество, ниту пак од страна на партнерите внатре во ЕУ или од САД, вели професорот Васко Наумовски, кој е и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.
„Ние во континуитет слушаме за јасни пораки кои што се упатуваат во Софија и на билатерално ниво и од САД, меѓутоа и во комуникацијата меѓу САД и ЕУ во последниот период, особено со Франција како држава претседавач. Сето тоа е во насока на напорите на САД за конечна стабилизација на Балканот, а во контекст на актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Европа“, вели Наумовки.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен, како што соопшти Стејт Департменот, за време на нивниот телефонски разговор минатата недела укажале на забрзување на процесот.
Портпаролот на Стејт Департментот, Нед Прајс ,во меѓувреме, порача дека се продолжува со охрабрување на билатерална основа како на Бугарија така и на Северна Македонија да ги решат билатералните спорови брзо.
„Но, нема да откривам детали за тие разговори“рече Прајс.
На конференција Во Бугарија во спомен на смртта на Делчев на 4 мај, шефот на државата Румен Радев се пожали дека врз Софија се вршат огромни притисоци. Според него, во Македонија има антибугарска кампања и говор на омраза.
„Се соочуваме со важни одлуки и тешка дилема- што е можно побрзо да започнат преговори, во истовреме кога има јасна бариера со воинствениот Македонизам. Притисокот е огромен и е парадоксален. За жал, притисокот е врз земјата-членка во најголем дел и помал дел врз земјата кандидат, но притисокот е поради неразбирање на длабочината на историските проблеми“, рече Радев.
Копретседателот на историската комисија Ангел Димитров пак, порача дека македонската нација е југословенки и комунистички проект.
„Постоењето на македонска нација со вековни државотворни традиции, е целосно политички производ и таа станува задолжителна за постигнување на планираната тотална контрола во македонското време и простор“, Димитров.
Според Наумовски, во последните недели и месеци бугарската политичка сцена и општество се соочуваат со спротиставени позиции меѓу коалиционите партнери во Владата и самиот претседател Радев на повеќе прашања особено за руската агресија во Украина. Случајно или не, како што посочува Наумовски, партиите кои се на спротиставени страни за војната се на истите спротиставени страни во поглед на бугарско-македонското прашање.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Постојат центри на моќ и политички партии и структури и во Бугарија, кои што не гледаат со симпатии кон решавање на ова прашање, знаејќи дека тоа ќе придонесе за зацврстување и на позицијата на ЕУ на Балканот и на трансатланското партнерство и во тој контекст ќе бидеме сведоци и на натамошни обиди за одложување на решавањето на ова прашање кое во суштина ќе значи и одложување на самиот процес на проширување и зацврстување на влијанието на Европа на Балканот“, смета Наумовски.
Тој додава и дека не случајно во многу анализи влијанијата кои постојат во бугарското општество се оценети како проблематични не само во контекст на почитување на европските вредности, туку и во контекст на посветеноста на оваа држава кон остварување на целите на НАТО алијансата во регионот.
Радев изјави и дека интеграција на земјава во ЕУ не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите во Северна Македонија.
Видете и ова: Донфрид: Исполнивте тешки задачи, иднината на С.Македонија е во ЕУВицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ неодамна изјави дека менувањето на Уставот не треба да е предуслов за почеток на преговорите, бидејќи за тоа е потребно повеќе време и градење доверба. Според него, за спорот со Бугарија ќе се бара европско решение, базирано на европски вредности, без врзување за временски рамки и датуми.
Патот на Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија блокиран од 2020 година. Освен барањето за ставање на Бугарите во Уставот, источниот сосед тврди дека земјава ја краде бугарската историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.
Другите прашања поврзани со историјата која досега беше главна пречка за наоѓање решение поради инсистирањето на Софија дека македонскиот народ не постоел до 1944 година останува да ги решава заедничката мултидисплинарна комисија за историски и образовни прашања.
Таа е формирана во 2018 година. Историчарите досега постигнаа договор за заедничко чествување на пет личности- Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, а првично запнаа за револуционерот Гоце Делчев.