Тренингот со дрвена пушка пушка ѝ одеше добро на 18 годишната Ана Кукса, додека не се сврти налево, како што нареди тренерот во маскирна униформа. Соученикот на Кукса се свртел надесно, по што тие се судриле.
Триесет минути подоцна, Кукса и нејзината пријателка Марија, чии лакирани зелени нокти и ранец во форма на панда беа во контраст со воените ранци на другите учесници, се одмораа на студот, смеејќи се за инцидентот.
Блинкен- Русија се соочува со огромни последици ако го избере патот на агресија
„Сега сме во воена состојба. Треба да ја браниме не само земјата, туку и нашиот роден град. Мораме да знаеме како да постапиме ако Русија нападне“, вели Кукса, ученичка на медицинскиот колеџ во Киев, додавајќи: „Ова е она што треба да го направиме - она што секој треба да го направи“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
И така, во едно снежно неделно утро со многу ниски температури и барички од кашест снег кои ги мачат пешаците, неколку стотици луѓе - главно мажи, многумина во маскирна или целосно црна облека - застанаа на теренот на напуштената фабрика за тешки машини на едно од киевските западни предградија, извикувајќи „Слава на Украина!“.
Нивната задача: тренинг за што да се направи ако Русија ја започне, како што велат некои западни претставници, можеби најголемата воена акција во Европа од Втората светска војна.
Во последниве месеци, обуката за цивилна одбрана растеше во Киев и во другите поголеми градови, бидејќи Русија ѝ се закани на Украина со повеќе од 100.000 војници распоредени на север, исток и југ, заедно со некои од нејзините најсофистицирани оружја.
Дел од обуката се прави преку формални институции како Силите за територијална одбрана, и таа е директно надгледувана од украинската армија.
Но, некои се прават преку некогаш приватни милициски групи и политички организации кои одиграа голема улога во раните години на борбите против сепаратистичките сили поддржани од Русија во источниот регион Донбас по 2014 година.
Видете и ова: Зеленски - Главниот ризик за Украина е дестабилизација одвнатреТоа го вклучува Националниот корпус, екстремно десничарска политичка организација која во своите редови ги привлече ветераните на некои од поозлогласените десничарски паравојски во Украина, вклучувајќи го и Азовскиот баталјон.
Самиот Национален корпус беше означен во извештајот на Стејт департментот на САД како „националистичка група која шири омраза“.
Во документите поднесени во 2018 година во американскиот федерален суд, ФБИ ја забележа „поврзаноста на Азов со неонацистичката идеологија и употреба на нацистичка симболика“, и наведе дека „се верува оти учествувале во обуката и радикализирањето на организациите на белата надмоќ со седиште во САД“.
„Ова е само еден од бројните примери што илустрираат дека владата на Украина ги прифаќа екстремно десничарските сили, вклучително и меѓународно активните сили како што е движењето Азов“, вели Олексиј Кузменко, новинар и истражувач од САД, кој опширно пишуваше за украинската десница.
Запрашан за слична споредба во друга западна земја, Кузменко посочи на Патриотски фронт, американска бела супрематистичка група. „Тоа би било како Патриотскиот фронт да има своја единица од 1.100 војници во Армијата на САД и да има блиски односи со демократите и републиканците и да биде добредојден на Си-Ен-Ен“, рече тој за РСЕ.
Националниот корпус
Основан во 2016 година од Андриј Билецки, Националниот корпус ги вбројува ветераните од баталјонот Азов.
Самиот Азов беше вклучен во Украинската национална гарда како начин да се формализира командата и финансирањето на различните паравојски кои се бореа против сепаратистите поддржани од Русија во раните години од војната во Донбас.
Петмина гардисти загинаа во Украина при оружен инцидент
Во неговите рани дела во 2000-тите, Билецки отворено се залагаше за теми и идеологија слични на нацистите.
Во еден памфлет што го напиша во 2007 година, тој зборува за „социјал-национализмот“ кој ги подига „древните украински ариевски вредности... Само нивното оживување и спроведување од страна на група фанатични борци може да доведе до конечна победа на европската цивилизација во светската борба“.
Тој се здоби со слава во средината на 2014 година, кога беше во првите редови на битката за враќање на пристанишниот град Мариупол од сепаратистите поддржани од Русија. Истата таа година Билецки беше избран во украинскиот парламент.
Националната гарда на Украина, во меѓувреме, почна да ги става милициите како Азов под формален владин надзор. Но, до 2019 година, сепак, партијата на Билецки не успеа, заедно со другите десничарски политички групи, да освои ниту едно место во парламентот.
Билецки ја обвинува владата за невнимание при подготвувањето на земјата за војна.
Запрашан за врските на Националниот корпус со Азов, еден од неговите главни заменици, Максим Жорин, ги нарече постојаните извештаи за екстремистичката идеологија „производ на руската пропаганда и дезинформации“ чија цел е дискредитација.
Тој инсистираше на тоа дека Националниот корпус сега е целосно одделен од Азов. „Подготовката за војна не треба да се разгледува од политичка гледна точка. Ние гледаме на тоа само од гледна точка на одбраната на државата“, им рече Жорин на новинарите.
Тој ја обвини украинската влада дека прави премалку за да ги подготви цивилите за можноста од инвазија на руските сили која според него, ќе се случи. „Тоа е само прашање на време“, оценува Жорин.
Пушки…и прва помош
Владата на претседателот Володимир Зеленски го протурка законот за формализирање на организација за цивилна одбрана. Тој закон, наречен „На основите на националниот отпор“, стапи на сила на 1 јануари, со што беа формирани Територијалните одбранбени сили.
Планот предвидува 25 бригади во речиси сите административни региони во земјата, со планови за регрутирање на 130.000 резервисти.
Во минатата година, армиските единици почнаа да одржуваат викенд сесии од мал обем за цивилни доброволци. Но, за критичарите на владата, особено групите како Националниот корпус, е премногу доцна.
И приватните организации и паравоените групи како Националниот корпус или Украинската легија почнаа да водат свои сесии за обука - кои во некои случаи може да се посматраат како настани за регрутирање.
„Се разбира, во почетокот луѓето доаѓаат и сакаат да научат како да пукаат со оружје“, вели Олексеј Саников, кој ја предводи Украинската легија, приватна група која нема политичка рака и организира обуки од 2014 година.
Додека Зеленски бара смиреност, Бајден смета дека руската инвазија врз Украина ќе го смени светот
„Но, тогаш треба да им објасните дека е исто толку важно да знаете како да пружите прва помош, како да им помагате на другите“, додава тој.
На обуката на 30 јануари во поранешната фабрика АТЕК во западен Киев учествуваа околу 400 луѓе, шарена екипа од студенти и постари мажи и жени, до искусни ветерани, облечени во маскирна облека или млади мажи во целосна црна облека.
Меѓу ветераните, некои од единиците на Азов, имаше и со лепенки на ракавите со симболи на супрематистички и нацистички групи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Чадот од огнот на бурињата се провлекуваше низ разурнатите згради и дворови, додека поискусна група вежбаше да упадне во напуштена зграда. На помалку искусната група им беа дадени дрвени пушки, а потоа беа тренирани како да се вртат и да застанат кога ја насочуваат пушката кон целта.
Некои облечени во патики се лизгаа на мразот, додека вежбаа вртење надесно и налево, држејќи ги дрвените пушки.
Украина лута на Берлин зошто одбива да и испорача оружје
„Сите знаеме што се случи во 2014 година. Немаше воено регрутирање. Никој не знаеше што да прави. Полицајците беа идиоти“, вели Данило Храбовски, 21-годишен студент кој се обучува во воздухопловниот инженерски институт во Киев, наведувајќи:
„Луѓето кои доброволно се пријавија да се борат завршија испратени на фронтот во Донбас, каде што многумина загинаа без потреба“.
Според него, волонтерите немале соодветна обука за теренска и итна медицинска помош.
Храбовски вели дека тој и другите волонтери се фрустрирани од украинските закони за оружје, кои вклучуваат тешки регулативи за луѓето кои сакаат да имаат оружје во своите домови.
Тој додава дека е тотално нереално да има доброволци обучени за цивилна одбрана, кои би требало да возат 20 минути до окружниот оружар за да го добијат своето оружје во случај на војна.