Достапни линкови

Русите доаѓаат - Западот алармира, Украина смирува


Иако владата во Киев ги повика луѓето да не паничат додека руските трупи се собираат на границите на Украина, националната валута падна на најниско ниво во последните четири години. (фотографија од датотека)
Иако владата во Киев ги повика луѓето да не паничат додека руските трупи се собираат на границите на Украина, националната валута падна на најниско ниво во последните четири години. (фотографија од датотека)

Во Вашингтон, пораката е: Инвазијата е неизбежна. Во Киев, пораката е: Ве молиме, не паничете. Разликата во јавните изјави за намерите на Русија се чини дека се помалку раздор, а повеќе пресметана стратегија. Мајк Екел

Пораката од Вашингтон и другите западни влади за зголемената закана од Русија е: Инвазијата е неизбежна. Украинските фицијални лица, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, имаат поинаква порака: Не паничете, не претерувајте.

Има малку несогласувања околу тоа што се случува на границите на Украина: најмалку 60 руски баталјони и тактички единици, повеќе од 100.000 војници и дел од најнапредното руско оружје се распоредени застрашувачки блиску.

Дигитално разоткривање на руските војници во близина на Украина

Всушност, Москва јасно се определи нјзината акција да не биде тајна во, како што велат многу експерти, свесна одлука да испрати сигнали до Украина, НАТО и САД.

Меѓутоа, има несогласување за тоа што всушност значи и каква може да биде намерата. Во врска со ова украинските и западните официјални лица имаат значително различни јавни пораки.

„Тоа е политичка одлука во кабинетот на претседателот: „Не паничете“, вели Андриј Риженко, пензиониран поморски капетан и поранешен заменик началник на Генералштабот во морнарицата на Украина, додавајќи:

„Која е причината за ова? Ако украинските политичари признаат дека оваа ескалација и оваа закана постои, економските инвеститори ќе ги повлечат своите средства. Ние веќе го гледаме ова, парите се повлекуваат од Украина“.

Бајден: САД и европските сојузници се „целосно“ согласни за пристап кон украинската криза

„Украина ги има истите разузнавачки информации, како и Американците, како и Западот. Сѐ е до толкувањето. Нашето раководство не сака луѓето да паничат“, вели поранешен украински воен разузнавач кој побара да биде идентификуван со псевдонимот Виктор.

Една од главните причини зошто руското трупање е јавна тајна е полесното и побрзо ширење на фотографии, видеа, распореди на возови - кои во минатото беа повеќе ограничени на доверливи или строго доверливи разузнавачки информации.

Снимки од комерцијални сателитски компании обезбедуваат фотографии со висока резолуција кои лесно може да бидат анализирани од милиони аматери.

И Соединетите Држави, кои се најголемиот снабдувач на Украина со оружје и воена опрема, беа невообичаено услужливи во споделувањето на сопствените софистицирани разузнавачки информации: не само со Киев, туку и со европските и НАТО сојузниците.

Тоа е промена од она што се случи по преземањето на украинскиот полуостров Крим од страна на Русија во 2014 година и избувнувањето на војната во источна Украина, каде што Москва ги поддржува сепаратистичките сили.


„Без розови очила“


Но, со недели, во голема мера Вашингтон беше тој што ги огласуваше најгласните аларми за распоредувањето на руските војници - нешто што портпаролката на Белата куќа Џен Псаки го направи повторно на 25 јануари.

„Мислам дека кога рековме дека е неизбежно, тоа останува неизбежно“, им рече Псаки на новинарите на прашањето за американските предупредувањата, додавајќи: „Но, повторно, не можеме да предвидиме каква одлука ќе донесе претседателот Путин. Сè уште сме ангажирани во дипломатски дискусии и преговори“.

Блинкен во Киев на средба со Зеленски

Од друга страна украинскиот претседател Зеленски во своите јавни изјави ја покажа украинската верзија на „бидете смирени и продолжете“. „Нема розови очила, нема детски илузии, ништо не е едноставно. Но, има надеж. Заштитете го вашето тело од вируси, вашиот мозок од лаги, вашето срце од паника“, рече Зеленски во видео обраќањето објавено на 25 јануари.

украинаскиот претседател Володимир Зеленски
украинаскиот претседател Володимир Зеленски

Таа изјава, пак, се чини дека е одговор на соопштението два дена претходно од американскиот Стејт департмент, во кое се вели дека дел од американскиот дипломатски персонал ќе биде евакуиран од Киев и ги повика американските граѓани да размислат за напуштање на Украина што е моќно побрзо.

Ваквата објава која ја следеа и Британија, Германија, Канада, Австралија, го привлече вниманието на некои Украинци кои претходно беа помалку загрижени за изгледите за неизбежна руска инвазија.

Се чини дека Зеленски го охрабрува таквиот недостиг на силна загриженост. „Што има ново? Зарем ова не е реалност веќе осум години? Зарем инвазијата не започна во 2014 година? Сè е под контрола. Нема причина за паника“, рече тој.

На состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Зеленски, исто така, изрази јавно несогласување со проценките на САД.

„Мислам дека генерално ја имаме истата агенда, но сепак сакаме да разговараме за некои работи детално, бидејќи вашето разузнавање е одлично, но вие сте далеку во странство, а ние сме тука, и мислам дека знаеме некои работи малку подлабоко“, изјави украинскиот лидер, според транскриптот на Стејт департментот.

Во интервју за Би-Би-Си, Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, даде навестување за стратегијата:

„Го нагласуваме ова сега и им кажуваме на нашите партнери дека не можеме да си дозволиме нашата економија да падне. И за ова ни треба помош. На крајот на краиштата, ако луѓето влезат во состојба на паника – тоа ќе биде многу опасна ситуација за земјата“, рече Данилов.


Пресметана стратегија


Не е јасно колку тие изјави функционираат. Украинската валута падна за повеќе од 5 насто во последните три месеци и на 26 јануари го достигна новото најниско ниво во последните четири години. Сепак, нема извештаи за панично купување во намирници во Киев или други продавници.

Украински војници подготвени за можен руски напад
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Цените на горивата се покачија за скоро 10 проценти од декември - иако тоа може да се должи на валутните флуктуации. Украина увезува голем дел од својот бензин и транспортно гориво од Русија.

Во Украина во услови на потенцијална руска инвазија „нема хистерија“

Разликата во јавните изјави меѓу Киев и Запад може делумно да се објасни и со пософистицираното американско разузнавање: американските сателити, наводно, имаат резолуција што може да фати до помалку од 10 сантиметри на земјата, нешто што потенцијално му дозволува на аналитичарот потенцијално да прочита дури име на џебот на градите на војникот.

За споредба, најновиот сателит за надзор на Украина, лансиран пред само неколку недели, наводно има резолуција од околу 8 метри.

Предупредувањата од Соединетите држави, исто така, се чини дека се пресметана стратегија, вели Виктор Андрусив, директор на Киевската школа за јавна администрација.

„Со создавање на оваа хистерија и велејќи „ќе има војна, ќе има војна, ќе има војна“, тие не им даваат причина на Русите да направат провокација за војната. Бидејќи што и да направат, Русија ќе биде препознаена како агресор, тоа е еден вид стратегија. Ова го поткопува почетокот на војната, на добар начин“.

Негативната страна, рече Андрусив, е што тоа „ја погодува украинската економија“, предизвикувајќи „економска хистерија“. „И тогаш Русите нема да мора да ја нападнат Украина, бидејќи економијата ќе пропадне и ќе имаме големи немири“, заклучува Андрусив.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG