Русија одржува воени вежби во близина на границата со Украина, активистка на ФЕМЕН протестира против воената регрутација на жени, а припадник на Националната гарда застрела пет лица во украинскиот регион Днепропетровск во услови на тековни тензии во и околу Украина.
Вежби, дипломатија, одбрана: најнови фотографии од украинската криза

1
Руски војник скока од оклопно возило за време на вежби на полигонот Кузмински, во јужниот дел на руската област Ростов.

2
Активистка на ФЕМЕН протестира со својата ќерка доенче пред канцеларијата на претседателот на Украина на 27 јануари. Жената во топлес протестираше против регулативата која стапи на сила кон крајот на 2021 година, со која се бара од жените на возраст меѓу 18 и 60 години да се регистрираат во војската. Во случај на инвазија, жените би можеле да се мобилизираат за да помогнат во воените напори.

3
Воен брод на руската морнарица за време на артилериски вежби во Балтичкото Море на 27 јануари.

4
Украинската полиција уапси војник на Националната гарда откако тој, наводно, застрелал пет лица во воена фабрика во областа Днепропетровск на 27 јануари.