Потрага по имотите на семејствата на казахстанските претседатели

Касим-Жомарт Токаев има многу семејни деловни врски во Русија, покажа истрагата на РСЕ.

Истрагата на РСЕ и Current Time, мрежа на РСЕ во соработка со Гласот на Америка, за имотите на семејството на претседателот на Казахстан Токаев откри индиции за испреплетени деловни интереси со поранешниот претседател Назарбаев. Од Марк Крутов, Сергеј Добринин, Андреј Сошников и Јуриј Барнјук

Кога избувнаа масовните нереди во централноазиската земја Казахстан на почетокот на овој месец, многу аналитичари ги припишаа на конфликтот меѓу поддржувачите на претседателот Касим-Жомарт Токаев и оние на неговиот долгогодишен претходник, 81-годишниот Нурсултан Назарбаев.

Мистериозна сопруга, избрзан развод

Според веб-страницата на казахстанскиот претседател, Токаев е разведен со еден син Тимур. Кога Токаев беше издигнат на функцијата вршител на должноста претседател локалните медиуми ја идентификуваа неговата сопруга како руската државјанка Надежда Токаева.

Според достапните записи, Токаева била регистрирана во Москва во 2005 година како „приватен претприемач“ чија основна дејност била давање под закуп на недвижен имот. Регистрацијата е ликвидирана во 2009 година, но, според алатката за пребарување на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, бројот на пасошот поврзан со Токаева сè уште е активен.

Назарбаев негира каков било конфликт со неговиот наследник

Во 2020 година, беше објавено дека Токаева била наведена како почесен претседател на еснафот на жените на Обединетите нации, додека Токаев во тоа време бил заменик генерален секретар на ОН и шеф на претставништвото на организацијата во Женева.

Нурсултан Назарбаев (лево) го избра Касим-Жомарт Токаев да го наследи како претседател во 2019 година.

Казахстанските медиуми шпекулираат дека Токаев бил набрзина разведен откако станал вршител на должноста претседател поради руското државјанство на неговата сопруга. Синот на Токаев, Тимур, кој е роден во 1984 година, очигледно никогаш немал руско државјанство.

Во декември 2021 година, Фондацијата за борба против корупцијата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави извештај кој покажува дека руските власти ги отстраниле имињата на многу моќни Руси од различни бази на податоци за имот, заменувајќи ги со зборовите „Руска Федерација“.

Видете и ова: Роднините на Назарбаев ги губат функционерските позиции во Казахстан

Тој извештај забележа дека нередактираните записи покажале оти и Надежда и Тимур биле регистрирани како сопственици на големи станови во Москва. Во редактираните бази на податоци, становите се наведени како сопственост на „Руската федерација“.

Истрагата на РСЕ откри дека етикетата „Руска федерација“ сега ја прикрива сопственоста на неколку имоти надвор од Москва, кои претходно беа наведени како сопственост на Надежда Токаева.

Една од нив е куќа во престижната населба Абрамцево која во 2008 година ја купи семејството на московскиот новинар Евгениј Лавут и режисерката Евгенија Гиндилиса. Лавут за РСЕ изјави дека за време на продажбата, Токаева се пожалила дека куќата тешко се загрева и спомна дека планира да се пресели на Крим.

Изненадувачки успешен син

Истрагата на РСЕ откри и информации за синот на Токаев, Тимур. Според годишниот извештај за 2016 година на девелоперот на недвижнини Мајак, Тимур Токаев бил член на неговиот одбор на директори.

Компанијата е најпозната по луксузниот станбен комплекс Мајак во московското предградие Химки. Проектот го подигна гневот на локалното население кога беше најавен во 2014 година, бидејќи требаше да биде изграден на местото на локален фудбалски стадион.

Годишниот извештај на „Мајак“ вклучува претходно непријавени информации за Токаев, велејќи дека тој ги посетувал и Колеџ ду Леман и Универзитетот Вебстер во Швајцарија и дека добил диплома за политички науки од Дипломатската академија на руското Министерство за надворешни работи.

Видете и ова: Очајот од сиромаштијата и корупцијата доведе до масовен бунт во Казахстан

Неговата дисертација за Дипломатската академија од 2009 година е насловена „Стратегијата на Република Казахстан во односите со Западот: национални интереси, приоритети, насоки“. На 215 страници 112 пати го споменува „Назарбаев“. „Русија е единствениот сојузник на Казахстан“, категорично се вели во дисертацијата.

Според извештајот на Мајак за 2016 година, компанијата имала средства во вредност од 541 милион рубљи (7 милиони долари). РСЕ и Current Time не беа во можност да најдат нови извештаи, а не е јасно дали Тимур Токаев останува поврзан со фирмата.

Сепак, извештајот од 2016 година обезбедува дополнителни индиции за деловните врски на Токаев, вклучувајќи ги и неговите врски со личности кои често се поврзуваат со Назарбаев.

Два казахстански клана

Тимур Токаев е наведен како член на одборот на добротворната фондација Кемел Токаев, која го носи името на таткото на претседателот Токаев. Деловната база на податоци SPARK-Интерфакс го наведува Токаев и како косопственик на две мали компании за геолошка и техничка анализа. Истата база на податоци го наведува помладиот Токаев како косопственик на фирмата Салиш, која порано се викаше Аби Петролеум Кепитал и која неодамна беше затворена.

Приведен поранешниот шеф за безбедност на Казахстан

Според казахстанските медиуми, Токаев бил наведен како косопственик кога компанијата била основана во 2002 година и кога тој имал само 18 години. Набргу по нејзиното формирање, фирмата го доби правото да го изгради нафтеното поле Грјадовоје во регионот Атирау. Во тоа време, Касим-Жомарт Токаев ја напушти премиерската функција и стана министер за надворешни работи.

Друг косопственик на Abi Petroleum Kepital бил Мухамед Избастин, син на казахстанскиот дипломат Темиртаи Избастин, кој е зет на казахстанскиот претседател. Во 2005 година, Abi Petroleum Kepital нарача геолошки студии за Gryadovoye од компанија наречена Kazakhstankaspiishelf, која беше половина сопственост на Sat & Company.

Sat & Company е основана од Кенес Ракишев, еден од највлијателните бизнисмени во Казахстан, кој во медиумите е наречен „банкарот на Назарбаев“. Аби Петролеум Кепитал објави профит од 50 милиони долари во 2012 година, но две години подоцна работеше со загуба.

Казахстанскиот бизнисмен Кенес Ракишев присуствува на промоцијата на старт-ап во Тел Авив, јуни 2015 година.

Sat & Company, сепак, е поврзана со московската развојна фирма „Мајак“, која во 2016 година го наведе Тимур Токаев како член на одборот. Извршен директор на Мајак е Махмуџон Ерматов, косопственик и извршен директор на речиси десетина компании кои се официјално регистрирани на иста адреса во Москва.

Сите компании го имаат зборот „Сат“ во нивните имиња и делат главно исти акционери. Еден од нив, Sat Oil, е наведен како „партнер“ на веб-страницата Мајак. Медиумите објавија дека овие компании се директно или индиректно контролирани од Ракишев, чиј главен бизнис во Казахстан беше Sat & Company додека не беше преименуван во Fincraft Resources во 2018 година.

МВР: Дезинформација е дека Назарбаев со авион во Бишкек слетал од С.Македонија

Мнозинскиот сопственик на Мајак е фирма регистрирана во Холандија наречена Dostyk Investments B.V., која е контролирана од казахстанскиот олигарх Тимур Кулибаев. Тој е сопруг на ќерката на Назарбаев, Динара, а во ерата на Назарбаев важеше за „највлијателниот бизнисмен“ во Казахстан.

Во 2018 година, Scanner Project објави извештај во кој е прикажан Тимур Токаев како сопственик на стан во комплекс на женевскиот Chemin Gilbert-Trolliet. Друг сопственик на стан во истата зграда беше Семјон Винокуров, зет на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Казахстанското издание Kz.expert ја процени вредноста на резиденцијата на Токаев во Женева на 2 милиона долари во 2019 година.


Истакнувајќи дека ќерката на Назарбаев, Динара, поседувала огромна вила на периферијата на швајцарскиот град, Kz.expert напиша: „Овој град стана „дом“ и за семејството на првиот претседател Назарбаев и за семејството на вториот претседател Токаев“.

Од извештајот на Мајак во 2016 година, нема јавни податоци за руските бизнис интереси на Тимур Токаев. Во 2019 година беше објавено дека го сменил презимето во „Кемел“, можеби во чест на неговиот дедо. Руските деловни бази на податоци не ги спомнуваат „Тимур Кемел“ или „Тимур Токаев“ по 2016 година.