Македонски енергетски акумулатор: Собирај „сонце“ да се грееш цела зима
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Имаме многу сончеви денови и зошто паметно да не го искористиме тоа, вели професорот Димитрија Ангелков од Кавадарци. Потврда за ова е неговиот прототип енергетски акумулатор во кој вишокот електрична енергија добиена од фотоволтаици се собира во текот на цела година, за да се користи за загревање во зима. Овој енергетски акумулатор сега е поставен во неговото училиште Киро Спанџов - Брко и во зима ги грее просториите за практична настава. Ангелков вели: Лесно се прави, секој дел лесно може да се набави, а користа е голема.