Нов медиум за анализа на коментарите на нашата ФБ страница е личноста на албанскиот премиер Еди Рама кој на Самитот на Отворен Балкан во Солун, додека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му го претставуваше премиерот Димитар Ковачевски на германскиот канцелар Олаф Шолц како премиер на Северна Македонија, во својот познат шегаџиски стил дополни дека Ковачевски е премиер на „идната Западна Бугарија“.
Тоа предизвикало бура негативни реакции на нашата ФБ страница, со вообичаениот речник на некои наши посетители со клетви и непримерен речник. Премиерот Рама на Твитер напиша дека ја иронизирал „грдата блокада на Северна Македонија од страна на Бугарија“, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка и извинување од Ковачевски зашто се насмеал на коментарот на Рама. Горан Младеновски постирал: „Лажеш, низ шала ја кажа вистината за поделба на Македонија помеѓу твојата држава и источниот сосед“, но Гордана Дамјановска му реплицира: „Рама е гениј! Кој разбрал, разбрал“. И Србољуб Татарчев го бендисува „здравиот хумор на албанскиот премиер“, како што вели и додава: „Браво за Рама!“ Неџми Екупи со објаснување: „Еди Рама е генијалец, ретко кој може да ги разбере неговите шеги“ Се разбира, клетвите и личните навреди упатени на албанскиот премиер не ги цитираме.
Видете и ова: По канонското признавање на Охридската архепископија се отвора пат за признавање на автокефалност на МПЦВо Фанар во Истанбул, во соборниот храм Св. Георгиј Победоносец, се одржа сослужување и на македонски јазик на вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот Стефан, а премиерот Ковачевски прочита дел од молитва во заедничката литургија. Е, сега, некои ваши коментари се искрено радосни поради историскиот настан, но во повеќето се мешаат политика, партии и главно клетви против „промената на името“. Ленин Толомамноски напишал: „На македонски, но никој името Македонија не смее да го спомнува“. Розе Нечковска со пост: „СДСМ има највеќе направено во историјата на државата“, слично како и објавата на Верица Москович: „Нека остане запишано во време на СДСМ и Ковачевски ни ја признаа црквата“. Тони Наумовски, меѓутоа, ѝ реплицира: „Ништо не е признаено, туку е избришана Македонска црква благодарение на СДСМ изродите“. И Тања Јанспи има слично мислење: „Лицемерно ништење на Македонската православна црква“. И овде не ги цитираме клетвите од некои посетители на нашата ФБ страница.
Неделното интервју за РСЕ е со поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски, кој покрај другото вели дека „Нејасната европска перспектива ќе ги засили критиките кон Преспанскиот договор“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Зоран Темелков вели: „Ми се чини дека сте премногу наивни... мислам дека се работи за договорен и организиран настап на Бугарија и Грција насочен кон уништување на Македонците и Македонија...“ За Добре Стојановски на „Европското мочуриште бргу ќе му се види крајот“, па додава: „Ако било добро зошто Британија избега“. Ведрин Волчевски со забелешка за Наумовски: „... и ти како амбасадор или функционер си сведок дека во светот бевме ФИРОМ, без шанси да се смени, а сега сите сте паметни како требало, а зошто твоите другари не го решиле не објаснуваш оти не ти одговара“.