Недостаток на критериуми за доделена, но и контрола за спроведена јавна набавка, проблематични тендери, институции кои ги кршат законите како и сомнеж за проневерени пари се најчестите забелешки на државниот завод за ревизија и Комисијата за спречување на корупција. Челниците на овие две институции во изминативе години повикуваат и предупредуваат дека ретко која институција постапува по нивните забелешки.
Години наназад државниот Завод за ревизија во своите извештаи редовно укажува на неправилности за трошење буџетски пари, но другите институции ретко го казнуваа сторителот.
Во период од 2016 до 2021 година, државниот ревизор испратил 68 извештаи до Јавното обвинителство, изјави неодамна директорот Максим Ацевски, за одговори до каде се, се уште чека.
Видете и ова: Обвинителството три години води предистражна постапка за лиценците на БЕГНадлежни за постапување по извештаите на ревизорите и антикорупционерите се неколку институции. Една од тие институции кои ги добива извештаите е Собранието. Тоа би требало да ги задолжи другите институции да постапат по ревизорскиот извештај, но тоа во пракса не се прави.
Обвинителството, полицијата, финансиската полиција ги добиваат извештаите на ревизорите и иницијативите за кривичен прогон од антикоруцпионерите.
Нивните извештаи често се полни со препораки и информации како да се подобри контролата на трошењето на државните пари, а во некои од нив има и барање за кривична одговорност. Но, во пракса се добива впечаток дека ретко се постапува по нив.
На пример Антикорупциската комисија лани сметаше дека градоначалникот на Струга Рамиз Мерко треба кривично да одговара за финансиски малверзации потврдени во нивната истрага но и од државната ревизија. Поднесе иницијатива до Обвинителството, за која до сега оттаму во јавност не се произнеле до каде е.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска вели дека досега нема судска разрешница за предметите кои антикорупционерите сметаат дека има основи за гонење поради корупција.
„Најголем кочничар е обвинителството, затоа што во овој три годишен период од нашето функционирање има отприлика 20 иницијативи за кривично гонење до Јавното обвинителство и нити една не завршила во суд“ изјави таа за РСЕ.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Таа додава дека ниту во сегментот за проблематично вработување во јавната администрација каде што при нивната анализа се детектирани ранливи точки во 19 закони во однос на вработувања, но власта не ги спроведува нити тие препораките.
Од јавното обвинителство, пак ја отфрлаат како што велат, како целосно неоснована оценката дека тие претставуваат „кочничар во борбата против корупцијата“.
„Напротив, обвинителството активно постапува по сите поднесени иницијативи и извештаи од надлежни институции. Во дел од предметите, доставените извештаи и иницијативи се основа за оформување предмет, додека во други случаи тие се приклучуваат и стануваат дел од доказниот материјал во претходно оформен предмет во Јавното обвинителство“ се вели во одговорот до Радио Слободна Европа.
Видете и ова: Агенција што конфискува имот нема имотен листВо писмениот одговор од Обвинителството велат дека јавните обвинители се должни детално да ги испитаат наводите во секој поднесок и да обезбедат релевантни докази за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност.
„Со оглед на тоа што дејствијата кои се преземаат во рамките на таа предистражна постапка се тајни, Јавното обвинителство може со јавноста и со другите институции да сподели подетални информации за постапувањето по конкретен предмет дури откако наводите ќе бидат поткрепени со соодветни докази и откако ќе биде потврдено основано сомнение за сторено кривично дело“, велат од Обвинителството.
Поранешниот обвинител Констатин Кизов вели дека ревизорските извештаи се комплесни и на обвинителите им треба повеќе време за проверка и оценка дали заслужува кривично правен прогон. Тој додава дека тие често не добиваат приоритет затоа што Обвинителствата немаат доволно кадар за работа, а тие што работат на терен се веќе преокупирани со предмети.
„Предметите кои што ги добиваат јавните обвинители, кои се со име и презиме, со конретно кривично дело и каде што се рвзани со рок и мора да постапуваат, додека со ревизорските извештаи треба да се проверуваат, дали тоа ќе биде со враќање назад кај ревизорите, дали тоа ќе биде преку МВР или министерството за финансии или финансовата полиција, затоа тие се подолги процедури за утврдување на одговорност “, вели Кизов.
Според годишниот извешатај во Обвинителството, недостигаат 70 до 80 јавни обвинители . Кизов додава дека обвинителите би требало приоритет да им даваат на оние ревизорски извешатаи во кои е нотирано трошење на поголеми средства.
Нема кој да ги чита и постапува по ревизорските извештаи
Последниот извештај на државниот ревизор за како се потрошени државните пари наменети за за справување со економските последици од пандемијата со ковид-19, е наведено дека дел од институциите доделените средства во износ од 1,1 милион евра ги искористиле за исплата на плата за вработените, без законски основ.
Дополнително 10 милиони евра односно речиси третини од парите предвидени за финансиска поддршка за државниот сектор завршиле во 6 институции без при тоа да утврдена намена за нивно трошење и без критериуми по кој основ баш нив им се доделени тие пари.
На пример, најмногу пари добил Градот Скопје и тоа една неповратна финансиска помош за ЈСП во вредност од 2,2 милиони евра и втората за реконструкција на Универзална сала помошта изнесува речиси 2 милиони евра. По него на листата е ЈП за државни патишта со пари за навака на механизација во вредност од 2,9 милиони евра. Државната помош за МЖ транспорт изнесува 1,7 милиони евра, а за ГТЦ 290 илјади евра. Општина Арачиново добила еднократна неповратна помош за справување со тековно работење во вредност од половина милион евра.
Со „трошки“ не се води борба против корупција
Во однос на финансиката подмош за приватниот сектор од третиот економски пакет која изнесува 17 милиони евра, ревизорот утврил дека во буџетот треба да бидат вратени 3,8 милиони евра, затоа што според договорот ако до 31 декември 2021 година 130 фирмите не исполниле 80 проценти од инвестицијата.
Од министерството за еконимија го известиле ревизорот дека досега само 16 фирми извршиле поврат во буџетот во вредност од околу 400 илјади евра, додека на 114 деловни субјекти се активирани мениците, со што во Буџетот на РСМ ќе се изврши поврат на средства во вкупен износ од 238.684 илјади денари или околу 3,8 милиони евра.
Претходно Ревизорот утврдил дека за 9 години ЕСМ залудно потрошила над 40 милиони евра за проекти кои не функционираат и околу 11 милиони за адвокатски услуги.