Градоначалникот на Мариупол повторно апелираше за „целосна евакуација“ на стратешкото пристаниште на Азовско Море за кое Русија тврди дека е контролирано од нејзините сили.
„Ни треба само целосна евакуација на населението. Околу 100.000 луѓе остануваат во Мариупол“, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за националната телевизија.
Бојченко рече дека десетици илјади жители се убиени, иако Русија негира дека таргетира цивили.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук пак соопшти дека денеска Украина не се обидува да воспостави никакви хуманитарни коридори за евакуација на цивили од украинските градови и населби.
„Поради несигурноста на рутите, денеска, 22 април, нема да има хуманитарни коридори. До сите оние кои чекаат евакуација, бидете трпеливи и издржете“, напиша Верешчук на Фејсбук профилот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вчера околу 79 лица, главно жени, беа евакуирани во три автобуси од Мариупол.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски пак денеска изјави дека Украинците продолжуваат да пружаат отпор во опколениот град Мариупол, што е спротивно на тврдењето на Русија дека го „ослободила“ стратешкото пристаниште на Азовско Море по речиси два месеца интензивно гранатирање кое предизвика илјадници смртни случаи и масовно уништување.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека руските сили го „ослободиле“ Мариупол и не нареди да се нападне комплексот на фабриката за челик Азовстал, каде што се кријат неколку илјади украински војници заедно со уште илјадници цивили. Наместо тоа, Путин наредил руски силите да го затворат Азовстал толку цврсто што „дури и мува не може да излезе“, тврдејќи дека „нема потреба“ да се ризикуваат животите на руските војници.
Но, Зеленски вели дека борбите продолжуваат.
„Тие можат само да го одложат неизбежното - времето кога напаѓачите ќе треба да ја напуштат нашата територија, особено Мариупол, град кој продолжува да се спротивставува на Русија, и покрај се што велат окупаторите“, изјави Зеленски.
Видете и ова: Путин наместо јуриш нареди опсада на челичарница во Мариупол
Во најновото редовно британско ажурирање се наведува дека одлуката на Путин да го блокира Азовстал најверојатно укажува на желбата да се ограничи отпорот во Мариупол.
Британската војска, исто така, соопшти дека силното гранатирање продолжило во Донбас додека Русија се обидува да напредува понатаму во источна Украина. И Американскиот претседател Џо Бајден, рече дека руското тврдење за победа во Мариупол е „сомнително“.
Британската полиција истражува 50 случаи на наводни воени злосторства во Украина
Британската полиција денеска соопшти дека собира докази откако примила извештаи за 50 наводни воени злосторства што се случиле од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.
Лондонскиот полициски тим за воени злосторства соопшти дека нивните стручни детективи проценуваат 50 наводи што ги добиле од почетокот на конфликтот, како дел од напорите за поддршка на истрагата на Меѓународниот кривичен суд.
„Имаме околу 50 обвинувања и очекуваме таа бројка да се зголеми во наредните недели бидејќи се повеќе луѓе кои бегаат од Украина ќе дојдат во Велика Британија“, рече Доминик Марфи, шеф на одделот за антитероризам во лондонската полиција.
Видете и ова: Украинка го најде телото на убиениот син во бунарСАД и европските земји, вклучително и Велика Британија, ги обвинија руските сили за воени злосторства што се случија за време на инвазијата врз Украина.
Русија, која вели дека започнала „специјална воена операција“ во Украина, ги отфрли обвинувањата и го обвини Западот дека лажира докази за да ја оцрни неговата војска.
Во меѓувреме зачестија и извештаите за наводно силување и сексуално насилство од страна на руски војници во Украина.
„Невозможно е да се изброи колку жртви има во моментов“, велат украинските власти.
Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, по посетата на градот Буча на 13 април изјави дека Украина е „место на злосторството“.
Главниот украински обвинител Ирина Венедиктова пак изјави дека Украина истражува повеќе од 4.000 случаи на воени злосторства. Меѓу нив се и злосторствата на руските сили по повлекувањето од градот Буча кај Киев, каде на улиците и на други локации беа пронајдени стотици тела на цивили.
Видете и ова: Извештаи за присилно преселување Украинци во РусијаАмериканската компанија Maxar Technologies објави сателитски снимки на кои се гледа голема масовна гробница во близина на опколениот украински град Мариупол. Компанијата наведе дека на тоа место во последните недели се појавиле над 200 нови гробници, додека руските трупи продолжиле да го бомбардираат регионот.
Местото каде што се наоѓаат ископините е во близина на гробиштата во селото Мануш, 20 километри западно од Мариупол.
Русија воведе санкции за 29 Американци
Во меѓувреме Русија им забрани на 29 американски политички функционери, медиумски личности и бизнисмени да влезат на нејзина територија како одмазда за санкциите што Вашингтон ги воведе кон Москва поради нејзината инвазија против Украина. Во списокот објавен од руското Министерство за надворешни работи се и основачот на Фејсбук и шеф на интернет гигантот Мета Марк Цукерберг и американската потпретседателка Камала Харис.
На списокот има и претставници на политичките елити, како и новинари кои, како што се наведува, „формираат русофобна агенда“. Ним им е забранет влез во Русија на неодредено време. Министерството одделно објави и дека Москва воведува санкции за 61 канадски државјанин и планира да ја прошири и таа листа.
Повеќе од 5 милиони Украинци ја напуштиле земјата
Видете и ова: Евакуирани во Русија: приказна на една украинска бегалкаПовеќе од 600.000 луѓе се внатрешно раселени во Украина во првите 17 дена од април, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција, со што вкупниот број раселени од почетокот на војната достигна повеќе од 7, 7 милиони, или 17 отсто од населението.
Новата проценка направена од 11 до 17 април покажа дека најмалку 60 отсто од раселените лица се жени. Повеќе од половина главно во источна Украина велат дека немаат доволно храна.
Според податоците на ОН по руската инвазија на 24 февруари повеќе од 5 милиони луѓе ја напуштиле Украина.