Достапни линкови

Битка за Донбас


Украински војници во близина на оштетен руски тенк
Украински војници во близина на оштетен руски тенк

Украина вели дека руските сили започнале напади долж целата линија на фронтот на исток. Москва соопшти дека отвора нова фаза од операцијата во Украина и го обвини Западот дека го продолжува конфликтот со тоа што го снабдува Киев со оружје.

Руските сили започна „битка за Донбас“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откако украинската војска соопшти дека Русија започнала „агресивни акции“ долж речиси целата линија на фронтот во источна Украина.

Украинскиот Генералштаб на 19 април соопшти дека илјадници руски војници покренале офанзива на 480 километри долгата линија на фронтот на исток.

По речиси два месеци неуспешни обиди за заземање големи и стратешки градови и покрај интензивното и неселективно гранатирање во кое загинаа бројни цивили и кои предизвикаа големо уништување на градовите, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 19 април објави дека „сега започнува друга фаза од оваа операција“.

Русија избегнува да ја нарече својата инвазија на Украина војна, користејќи го наместо тоа терминот „специјална воена операција“.

Во Москва, министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека руската војска „доследно го спроведува планот за целосно ослободување“ на источна Украина и ги обвини Соединетите Држави и другите западни земји дека ја снабдуваат Украина со оружје како борбите би продолжиле „до последен Украинец“.

Изјавата на Шојгу беше прикажана на руската државна телевизија 24, но не е јасно дали снимката е емитувана во живо или е претходно снимена. Доколку се потврди, ова ќе биде прво јавно појавување на 66-годишниот Шојгу во последните неколку денови, поради извештаите дека тој може да има сериозни здравствени проблеми.

Зеленски- Ќе се бориме без разлика колку руски војници ќе испратат

Во видео обраќањето на 18 април, украинскиот претседател Вoлoдимир Зеленски вети дека ќе ги одбие руските напади и покрај предноста на руските сили и во луѓе и во оружје.

„Без разлика колку руски војници ќе испратат таму, ние ќе се бориме. Ќе се браниме“, рече Зеленски. Tој изјави дека Русија започнаа битка за Донбас, за која долго се подготвуваа.

Украинските медиуми на 19 април објавија дека имало силно гранатирање долж линијата на фронтот во регионот на Доњецк во Маринка, Славјанск и Краматорск.

Задорожњук: Му благодариме на секој Македонец кој даде помош за Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:08 0:00

Високиот украински функционер за безбедност, Олексеј Данилов, рече дека руските сили се обиделе да ја пробијат украинската одбрана „речиси долж целата линија на фронтот на регионите Доњецк, Луганск и Харков“. Тоа, според, началникот на Генералштабот на Зеленски, Андриј Јермак, е „втората фаза од војната“.

Зеленски им се заблагодари на сите украински бранители во сите градови, вклучително и во опколеното пристаниште Мариупол во Азовското Море и оние во регионот Харкив, кои , како што рече, ја држат и ја штитат судбината на целата држава.

Руското Министерство за одбрана на 19 април соопшти дека руските сили погодиле 1.260 цели во Украина во текот на ноќта и собориле украински авион МиГ-29 во регионот на Доњецк. Тврдењето не може независно да биде потврдено.

Евакуирани во Русија: приказна на една украинска бегалка
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00


На 18 април, во серија руски ракетни напади врз воената инфраструктура во западниот украински град Лвив загинаа најмалку седум лица, а 11 се префрлени во болница на лекување, соопштија тамошните власти.

Трет ден по ред нема договор со Русија за хуманитарни коридори од делови од Украина, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. Таа вели дека тоа што нема коридори за цивили остава илјадници луѓе заробени во неколку градови во Украина, вклучително и во опколениот пристаништен град Мариупол. Во меѓувреме Русија започнува обновена офанзива во источна Украина

„За жал, нема хуманитарни коридори. Интензивното гранатирање продолжува во Донбас“, рече Верешчук во изјавата објавена на 19 април на нејзиниот канал на Телеграм.

Таа вели дека продолжуваат со тешките преговори за отворање на хуманитарни коридори во регионите Херсон и Харкив.

Според украинските власти десетици илјади луѓе се убиени во Мариупол. Тие ја обвинуваат Русија за блокирање на хуманитарните конвои кои се обидуваат да им донесат помош на цивилите кои се заробени во градот со недели.

Украинските власти ги повикаа цивилите во источниот дел на земјата да си заминат додека руските сили ја засилуваат офанзивата во регионот.

Русија започна напад на Украина на 24 февруари. Во земјата во која до пред војната живееја околу 44 милиони жители, околу една четвртина од луѓето ги напуштиле своите домови, многу градови се претворени во урнатини, а илјадници луѓе загинаа или се повредени.

Премиерот на Украина Денис Шмихал рече дека украинските сили кои го бранат Мариупол и ќе се борат до крај против руските трупи.

Руската војска вели дека го контролира речиси целиот град Мариупол, додека украинскиот баталјон Азов сè уште се држи во огромната фабрика за челик Азовстал.

Градскиот совет на Мариупол соопшти дека најмалку 1.000 цивили исто така се кријат во подземните засолништа пор централата Азовстал. Оние кои се кријат се главно жени со деца и стари лица, напиша градскиот совет на профилот на Телеграм.

Рускиот претседател Владимир Путин на 18 април и додели почесна титула на бригадата која е обвинета од Украина за воени злосторства во градот Буча. Со декрет потпишан од Путин на бригадата и беше дадена титулата гарда за одбрана на „Татковината и државните интереси“, а членовите добија пофалница за херојство и храброст.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека единицата извршила „воени злосторства“ за време на нејзината окупација на Буча, град северозападно од Киев, и вети дека ќе бара правда за жртвите.

Мнозинството од цивилите убиени во Буча починале од прострелни рани, соопшти украинската полиција минатата недела. На некои од жртвите им биле врзани рацете зад грб.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG