Татарско-башкирската редакција на Радио Слободна Европа разговараше со Украинци од Мариупол - како и со активисти во Астрахан, регион во јужна Русија кои велат дека биле донесени во Русија насилно.
Тие бараа да не се открива нивниот идентитет за да се заштитат од одмазда, но нивните наводи ги засилуваат сè поголемите докази дека руските војници од областите што ги контролираат во источна и јужна Украина преселиле илјадници Украинци против нивна волја во Русија.
УНХЦР - Речиси пет милиони Украинци ја напуштиле својата земја
Украинските власти ги обвинија руските сили дека протерале стотици илјади цивили од опустошените украински градови, им ги земале документите и ги испраќале во таканаречените „филтрациони кампови“ во областите контролирани од украинските сепаратисти, пред да ги префрлат во Русија.
Според украинските власти, се верува дека многу од тие цивили се од Мариупол, кој беше уништен од руското бомбардирање откако Москва ја нападна Украина на 24 февруари и беше епицентар на бруталната војна.
Руските власти соопштија дека повеќе од 674.000 Украинци биле префрлени во Русија од почетокот на војната, но велат дека тие доброволно биле транспортирани од областите под контрола на сепаратистите или делови на Украина каде што се водат тешки борби.
Сепак, повеќекратните лични признанија собрани од медиумите како што се RSE, The Guardian, The Washington Post, CNN и BBC, како и сателитски снимки со отворен код, се во спротивност со руските тврдења, бидејќи Украинците велат дека руските војници ги принудиле да ги напуштат засолништата во опколените градови, по што биле испрашувани пред да бидат префрлени на руска територија.
Филтрациски кампови
Во Астрахан, официјални лица тврдат дека повеќе од 400 бегалци дошле од Украина, но неодамна изјавија дека пристигнале од области надвор од територијата контролирана од сепаратистите во Доњецк и Луганск, како што е Мариупол.
Руските војници користат „филтрациски кампови“, како што ги нарекуваат украинските власти, како процесни центри, каде што ги фотографираат украинските бегалци и им земаат отпечатоци од прсти пред да ги испратат во Русија.
Според некои извештаи, на Украинците им било кажано да ги предадат своите телефони и други електронски уреди, како и лозинки за нив, пред сослушувањето.
Државниот руски весник „Росијскаја газета“ во март објави дека илјадници Украинци се кривично гонети во Безимен, село во источна Украина, каде што , според весникот, се преземаат мерки за да се спречи „украински националисти да се инфилтрираат во Русија преправени како бегалци“.
УНХЦР - Бегалците од Украина се соочуваат со ризици од трговија со луѓе и експлоатација
Украинските власти предупредија дека постоењето на такви кампови потсетува на претходните руски воени кампањи, како во 1990-тите во Чеченија, кога илјадници Чеченци беа испрашувани во импровизирани објекти, а многумина исчезнаа.
„Стотици илјади луѓе веќе се депортирани“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео-обраќањето во литванскиот парламент на 12-ти април, наведувајќи: „Тие се сместени во специјални филтрациски кампови. Документите им се одземени. Тие се испрашувани и понижувани. Не се знае колкумина се убиени.
Животот во Русија
Сепак, има и луѓе кои доброволно ја напуштија Украина во Русија. Лариса Лункина изјави за РСЕ дека го напуштила својот дом во Донбас веднаш по почетокот на војната и оттогаш живее во Казан, град во југозападна Русија, заедно со другите раселени Украинци.
Лункина, која го зеде својот син тинејџер Никита со себе во Русија, вели дека се во неизвесност, но дека се задоволни што се далеку од борбите што оттогаш ги гледаат на телевизија и со кои се соочиле во претходните осум години на конфликтот во источна Украина.
Таа вели дека добиваат редовни оброци секој ден, но се грижат за парите, бидејќи во моментов не може да работи поради здравствени проблеми и дека нема пристап до постојано сместување.
„Не сме овде дома, и покрај тоа што може тоа така да го кажуваат“, вели Лункина.
ЕК ќе издвои милијарда евра за помош на бегалците од Украина
Во другите делови на Русија, бегалците кои пристигнуваат од Украина добиваат работни обврски. Руслан Пашаев, регионален министер за земјоделство во градот Астрахан на југот на Русија, рече дека луѓето евакуирани од Украина ќе добијат работа на живинарската фарма во таа област.
Малку детали се објавени за аранжманот, но Пашаев додаде дека менаџментот на живинарската компанија веќе се сретнал со потенцијалните работници и им понудил сместување во блиското село.
Никита, кој се подготвува да започне 11-то одделение, рече дека и покрај изјавите на официјалните лица кои ги пренесуваат медиумите во Русија, тој и другите украински бегалци во Русија не добиле финансиска помош во Казан.
„Функционерите доаѓаат, разговараат и си заминуваат. Бргу нѐ забораваат. Само обичните луѓе помагаат, службениците не, нема државна иницијатива“, вели тој.