Од обиди за апсење порано, до честење кафе од граѓаните денес. Нешто сепак се менува.
Графитите се пишани текстови или цртежи направени на ѕид на некој објект или друга површина, обично без дозвола.
Графитите се движат од едноставни напишани „називи“ до елаборирани ѕидни слики и постојат уште од античко време, со примери кои датираат од антички Египет, античка Грција и Римската империја. Модерните графити се контроверзна тема. Во повеќето земји, пишувањето или сликањето имот без дозвола се смета за вандализам?
„Јас би рекол дека е уметнички израз, доколку не станува збор за шкртање политички пароли по фасадите. Ние сме цртачи на графити и мурали, но не би не дефинирал како уметници“, смета Драган Китановски- Драш, еден од оние ентузијасти цртачи чија намера е Скопје и другите градови да станат по убави и помалку монотони.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Намерата на Драган Китановски- Драш, еден од оние ентузијасти цртачи чија намера е Скопје и другите градови да станат по убави и помалку монотони.
Македонските уметници во 2021, добија легални ѕидови, или слободна графити зона. ГТЦ од 2018 ја има галеријата на графити и мурали „Градот убав“. Според Дрган Китановски Драш, потребни се повеќе легални ѕидови за цртање.
„Скопје се повеќе наликува на апокалиптичен град поради старите фасади, а со овие цртежи и мурали се разубавува градот“.
Има ли воопшто адреналин кога е легално или само кога е недозволено?
„Порано беше проблем. Можеше да дојдат полицајци па да те апсат. Сега има промена на генерациите па се случува и кафе да ни донесат да не почестат додека цртаме“.
Со Драган Китановски разговаравме и за неговите замисли како градот да стане градот убав и колку ни е визуелно монотон, како и за потребата од стратегија бидејќи страњето сепак чини пари.
Соработка сепак има. Така на пример последниве години во Скопје и низ другите градови има повеќе мурали – споменици на истакнати личности, нешто што, вели е добар начин за да се покаже почит. Но за трендот да продолжи, освен желба треба простор, дозволи, пари и екстра опрема ако се црта на поголем простор.
Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи. Поздрав од Дејан Балаловски И Зоран Ќука.