Вооружени со арсенал бои, уметници ширум светот протестираат против руската инвазија врз Украина со сликање провокативна улична уметност и мурали против војната. Некои уметници користат иновативни начини да им помогнат на Украинците погодени од конфликтот преку QR-кодови кои ѝ овозможуваат на јавноста да скенира графити за да донира. Додека некои луѓе ги гледаат графитите како некултура, многу од неговите креатори сметаат дека тоа е демократска уметничка форма која обезбедува глас за безгласните. Кога е добро направено, може да ја подигне свеста за социјалните, политичките и еколошките прашања.
Антивоена уметност: графити со поддршка за Украина во целиот свет
![Мурал со наслов Дете на војната во Лос Анџелес, Калифорнија, од уличниот уметник познат како Киднак. Во изјавата тој рече: „Кога возрасните водат војна, децата страдаат. Најновата војна во Европа предизвика бегалска криза во која може до 10 милиони Украинци да избегаат од бомбите на [рускиот претседател Владимир] Путин“.](https://gdb.rferl.org/040e0000-0aff-0242-928c-08da33241341_w1024_q10_s.jpg)
1
Мурал со наслов Дете на војната во Лос Анџелес, Калифорнија, од уличниот уметник познат како Киднак. Во изјавата тој рече: „Кога возрасните водат војна, децата страдаат. Најновата војна во Европа предизвика бегалска криза во која може до 10 милиони Украинци да избегаат од бомбите на [рускиот претседател Владимир] Путин“.

2
На ѕид во Рим, Италија, две жени насликани во националните бои на Украина и Русија се гледаат како липаат и се гушкаат со зборот „мир“ што ги врзува заедно.

3
Уметниците Џулиано Триндад и Кори Мати стојат пред нивниот заеднички мурал „До Украина со љубов“ во Лос Анџелес на 8 мај. Овој конкретен мурал има QR-код што оди во националната банка на Украина, која формираше фонд за собирање пари за украинските војници. „Важно е на луѓето да им се обезбеди пристап до активизам“, рече Мети. „Добрата уметност те тера да размислуваш, но одличната уметност те тера да правиш“.

4
Ученици во Барселона, Шпанија, поминуваат покрај муралот на уметникот TVBOY на 9 мај. Мировниот симбол на сликата првично беше дизајниран за британското движење за нуклеарно разоружување во 1958 година.