На улиците на Белград, поддржувачите и противниците на руската инвазија врз Украина ги објавуваат своите мислења со боја во спреј.
Белградската „Војна на графити“ поради руската инвазија врз Украина

1
Овој мурал на рускиот претседател Владимир Путин се појави на аголот на улицата во Белград на почетокот на март, а подоцна беше обоен со црвена боја и очила за сонце. Политичкото уметничко дело е еден од неколкуте примери на проруски графити кои се појавуваат, а потоа се прецртувани, во Белград среде инвазијата на Украина.

2
Лево од муралот на Путин, уметникот првично го насликал зборот „брат“. Некој потоа ја избриша првата буква со сина боја, оставајќи го зборот „рат“ (војна). Неодамна, еден поддржувач на Русија ја врати буквата „Б“ и ги нагласи другите букви со црн спреј.

3
Во близина на муралот на Путин, неколку букви „Z“ се испрскани со спреј на привремената ограда. Симболот стана амблем на инвазијата врз Украина кога на руските војници им беше наредено да ја напишат буквата на своите возила за да ги разликуваат руските колони од украинските сили.

4
Пречкртано „Z“ пред статуата на Николај II, последниот цар на Русија. Проруските активисти одржаа неколку митинзи оваа година кои се собираат пред статуата на царот пред да маршираат низ центарот на Белград.