Младиот столар Филип: „Никој не треба да се срами од својата работа“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Кога 24-годишниот Филип Маневски бирал професија не му било важно тоа да биде некоја од професиите кои се актуелни меѓу младите денес, туку да го работи она што вистински го сака. Па вели, иако е можеби невообичаено некој на негова возраст да се занимава со столарија, тоа е неговиот пат. Тој порачува дека во денешно време вреди да се знае занает и дека никој не треба да се срами од својата работа .