Акција за чистење на Куманово

Куманово

Вработените од локалното JП за одржување комунална хигиена „Чистота и зеленило“ во Куманово започнаа акција за чистење и озеленување на зелените површини во градот.
Акциите се организираат во саботите на различни локации, како што вели директорот Сашо Петрушевски, на барање и во соработка со претседателите на куќните совети и граѓаните.
По завршување на зимата и зимските активности, со доаѓање на пролетта се модифицираат сите работи, како што е чистење и озеленување на градот.Она што го ветивме минатата година дека времените акции ќе бидат редовна практика во работењето на ЈП, подразбира организирање акции на чистење со
озеленување.


„По завршување на зимата и зимските активности, со доаѓање на пролетта се модифицираат сите работи, како што е чистење и озеленување на градот. Она што го ветивме минатата година дека времените акции ќе бидат редовна практика во работењето на ЈП, подразбира организирање акции на чистење со озеленување.“

Петрушевски додава дека градот ќе се разубавува и со цвеќе,

„Ние во расадникот подготвивме садници на листопадни и зимзелени дрвја со садно цвеќе, кои ќе бидат за оплеменување и озеленување на јавните површини, кои треба да бидат позелени и цветни.“

Според Петрушевски, за пролетва се планирани 20 акции секоја работна сабота, во соработка со претседателите на куќните совети и со граѓаните, на места каде што ќе има потреба и на места каде што „Чистота“ во делот на одржување веќе е присутна.

Каков е одзивот на граѓаните?

„Со оглед на барањата на граѓаните значи има заинтересирнаост и желба тоа да се направи. На одредени локации одзивот е добар, на некои не е. Заинтересираноста на одредени локации меѓутоа за граѓаните подрзабира ние да ја завршиме работата.“

Граѓаните велат не секаде градот е чист

Петрушевски додава дека граѓаните недоволно се запознаени за обврските и надлежностите на претпријатието. На пример, шутот кој граѓаните го оставаат не е обврска на „Чистота“, туку тоа е на оној кој го изнел шутот да го депонира на соодветно место. Има случаи кога „Чистота“ инцидентно ги извршува и тие работи, за што е неопходна интервенција и на комуналната инспекција.

Граѓаните, пак, не ретко критикуваат дека најголемо внимание за одржување на комунална хигиена се обрнува само на централното јадро.
Моментално гледам чисто е. На други места не знам.
Малите улички или периферијата нередовно се изнесува сметот.

Чисто ли е Куманово?
„Моментално гледам чисто е. На други места не знам.“

„Како не е чисто! Чисто е. Па, и така и така. Подобрена е состојба во центарот, ама има улици каде што не е.“

„Делумно. Не е најчисто, ама може да помине. Има делови на страна кои не се чисти. Има диви депонии и контејнерите не ги чистат редовно. Во населбите Перо Чичо и Гладно Поле, не ги чистат, а има платени комуналии.“

„Прашај во парламент! Чисто, чисто Куманово, бегај бре!“, велат анкетираните граѓани.
Делумно. Не е најчисто, ама може да помине. Има делови на страна кои не се чисти. Има диви депонии и контејнерите не ги чистат редовно.

Сакале да признаат или не, генерално грижата за одржување на комуналната хигиена е впечатлива. Големите финансиски проблеми „Чистота“ ги надминала. Според Петрушевски, сега е во добра финансиска кондиција.

„Платите се земаат редовно, обврски према добавувачите се измирени, дел од К-15 е исплатен, иако не е веќе обврска според законот, но имаме дел од средствата наменети за тоа. Нема долгови и редовно се исплаќа ддв и данокот од добивката го плаќаме.“

Петрушевски информира дека „Чистота“ има 220 редовно вработени, а повремено преку Агенција за вработување ангажира околу 80 работници.

„Возниот парк е во функција максимално, сите возила се во возна состојба. Со сета расположива механизација пристапуваме кон сите обврски“, вели Сашо Петрушевски.