Пандовски - Без нов Изборен законик нема да се намали корупцијата

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пандовски - Законот за рестриктивни мерки треба да се доработи

Годинава ќе има двојни избори, претседателски и парламентарни, но неизвесно е дали ќе бидат донесени измените на Изборниот законик и препораките на ОБСЕ/ОДИХР за финансирање на партиите и укинување на државно платени политики реклами. Гледате ли тука недостаток на политика волја да запре долгогодишната корупција на медиумите?

Апсолутно, измените треба да бидат направени по препораките на ОДИХР. Тие беа клучни за одредени сегменти поврзани со изборите да бидат подобрени. Пред се тука беше во главен акцент ставен Член 71-д кој предвидуваше буџетско финансирање на медиумите за време на изборите и нивно плаќање понатаму од Изборната комисија. Ова требаше да биде отстрането со цел да се намалат определени потенцијални коруптивни и исто така со овој законик, согласно препораките на ОДИХР, беа направени определени рестрикции кои не треба да се прават пред и за време на изборите, како партиски вработувања, отпочнување со градби, исплата на субвенции и т.н. Неизгласувањето на овој Изборен законик согласно насоките на ОДИХР секако дека претставува голема пречка да се намалат коруптивните дејствија за време на изборите.

Видете и ова: Неказнива корупција во „држава на старци“

Дури и пратениците да го усвојат законот, ќе има ли време да се спроведе?

Дури и сега да биде усвоен законот, нема да има време да се спроведе, бидејќи сите измени на законот за работите кои ги споменавме, треба некој да биде обучен и запознаен за да може тие да се имплементираат во пракса. Сметам дека недонесувањето на овој закон досега, е навистина голема пречка за имплементирање на овие препораки.

(ДИК проценија дека со актуелното законско решение, двојните претседателски и парламентарни избори во април и во мај ќе чинат 17 милиони евра. Близу 60% од тој трошок, или 10 милиони евра, се за платено политичко рекламирање?

Така е, тоа се измените секако дека ќе беше намалено, бидејќи нема исплати од буџетски средства за рекламирање на партиите преку медиумите.

Во краток временски период беа објавени и извештајот на Тренапаренси и ЕК во кои се вели дека Северна Македонија е високо корумпирана земја. Каков е вашиот впечаток, има некои позитивен сигнал дека нешто се менува или извештаите се што би се рекло „мртво слово на хартија“.

Зборувате за Индексот на перцепција корупција којшто го објавивме. Таму реално имавме скок од девет места на скалилото и имавме 42 поени, но согласно критериумите на Транспаренси Интернешнал, се што е под 50 поени се смета за поразителна борба против корупцијата. Така што ние сме се уште во земјите кои според Транспаренси Инттернешнал слабо се борат против корупцијата, а имаше и доста препораки во самиот извештај кој беше доста опсежен. Меѓутоа, ништо од овие препораки, па и овие резултати немаат ефект врз политичката јавност за оваа борба против корупцијата да се зголеми.

Видете и ова: Правдата е бавна, но и незадоволена

Вие во вашиот Барометар на корупција наведовте ризици од корупција за склучувањето на договорите со Бехтел и Енка за градење на коридорите 8 и 10, наведувате игри во правосудството кои ги загрозуваат судските предмети. Како ќе се бориме против корупцијата ако довербата на јавноста во правосудниот систем е на најниско ниво?

Чинам имаше две мерења, едното беше на ИРИ во кое довербата во правосудството беше 4 проценти, за по шест месеци да падне на 1 процент, што некои сметаа дека се работи за статистичка грешка. Секако дека правосудството и пред се Јавното обвинителство се водечки институции кои треба да се борат против корупцијата. Непроцесирањето на предметите за корупција, недосудувањето, немањето на правосилни пресуди е еден показател дека ова општество финалниот сегмент, односно правосудството кое треба да се бори против корупцијата и да се донесе правосилна пресуда на крај, секако дека кај луѓето е намалена довербата во правосудните органи.

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков беше добија ослободителни пресуди за случајот „Трезор“, застарае и повеќе други дела против функционионери?

Во однос за застарувањето, во самиот Индексот за перцепција на корупција во делот на Источна Европа и Централна Азија каде што спаѓа Македонија, Транспаренси Интернешнал имаше една забелешка, а тоа беше промената на Кривичниот законик во делот на злоупотреба на службената положба и овластување. Ваквото намалување на казните и бришење на едно од квалификуваните дела, намалување на самата казнивост на делот, според процените на Транспаренси Интернешнал ќе доведе до застарување на околу 200 случаи поврзани со корупција. И тоа е една многу лоша слика во јавноста, бидејќи Кривичниот законик и Законот за кривична постапка преставуваат основи со кои правосудните органи се борат против корупцијата. И кога вие ја намалување казнивоста, а тоа го прави високата политика, извршната и законодавната власт кои ги изгласаа овие промени, можете да замислите каков сигнал е тоа за јавноста, дека самите политичари си изгласуваат закон со кој си ја намалуваат сопствената одговорност и на крај може да се предизвика застарување.

Видете и ова: Корупција ќе има се додека судовите не казнуваат

Откако некои поранешни и сегашни функционери завршија на црна листа, Владата работи на предлог Законот за рестриктивни мерки. Што мислите за овој закон?

Црната листа на САД може да биде допрен глас до обвинителството за отпочнување на определени постапки. На пример кога има ситуација да тие луѓе се ставени на црната листа поради определени коруптивни или други дејствија кои ги направиле тука во Македонија, а за тоа немало никаква постапка. Меѓутоа, овие измени на Законот за рестриктивни мерки се споменува терминот „правни акти“ Значи кога САД, Обединетото Кралство, Европската Унија. (...) Кога ќе кажете „правни акти“ на други држави, тие може да бидат поврзани со некакви дејствија таму. Правен акт може да биде и правосилна пресуда. Што ако, на пример, има правосилна пресуда во САД и потоа се почне со рестриктивни мерки и нова постапка во Македонија, тоа би било двојно судење за една работа, а второ навлегување од нас во некои дејствија коишто се судат во таа држава, но и обратно, може да се сфати како мешање од некои странски елементи во нашата држава. Така што јас мислам дека овој закон во самата суштина кога би се доработил би бил подобар.