Туристичките работници охрабрени од посетеноста за Велигден

Илустрација. На аеродромот во Охрид беше дочекан првиот авион со туристи од Амстердам.

Велигден и Први мај беа тест за турстичката сезона. Турситичките работници се задоволни од се поголемиот интерес на странските туристи за охридското крајбрежје и другите дестинации.

Во земјава туристичките работници се охрабрени од големата пополнетост на капацитетите во Охрид и другите домашни дестинации за време на велигденските и првомајските празници и очекуваат интересот за охридското крајбрежје да се зголемува и во текот на летото.

Со оглед на тоа што се отвораат и се наметнуваат нови пазари како Тунис, Египет, Мароко, Грција и Турција од Агенцијата за туризам се претпазливи во врска со прогнозите за натамошниот раст на интересот на туристите, но сметаат дека тие пазари нема да се одразат врз нашата понуда. Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски вели дека Велигден и 1 мај беа вовед во туристичката сезона и додава дека земјава веќе е препознаена на туристичката карта, но треба да се продолжи со работа.

„Гледано во месец април голем број на капацитети во Охрид и други места се повеќе и повеќе се полни. Тоа ни дава оптимизам дека може да оптпочнеме процес на уште поголемо рекламирање и промовирање на земјава како туристичка дестинација. Велигденските и првомајските празници ги наполнија стандардно капацитети во Охрид“, изјави Јаневски.

Чести гости во Охрид и за овие празници беа турстите од соседните земји, кои од година во година ги има се повеќе, но дојдени се и туристи од Гераманија, Австрија и Швајцарија. Во наредниот период во Охрид се очекува да пристигнат и традиоционаланите гости од Полска и Холандија.

Треба да се вложи во инфраструктура и дополнителни содржини, вели Ѓоко Апостолов раководител за туризам во општината Охрид. Целта како што велат од општината е гостите да се привлечат не само со природните убавени туку и со квалитетна понуда.

„Треба да се работи нa се. Инфраструктра е најпотребна за поврзување на градот со неговата околина. Да се зголеми бројот на летови, од и до ародромот, и да се работи на ифраструктурата во градот. Да се збогатува туристичката понуда и да се стави поголем акцент на промоција на градот“, вели Апсотолов.

Јаневски оваа година очекува околу 400 милиони долари девизен прилив од туризмот.

„Се надевам дека и 2019 година ќе има скок од 10 проценти туристи и зголемување на бројот на ноќевања. Една од целите е во 2019 да има 1,3 милиони туристи и да се приближиме до бројката од 4000 ноќевања“, вели Јаневски.

Минатата година во Охрид беа остварени милион и 34 илјади ноќевања што споредено со претходната година е зголемување за 10 проценти.

Во 2018 година во Охрид ноќевале 585 илјади домашни туристи, што е зголемување за 5 проценти од претходната година, а остварени се скоро 450 илјади ноќевања на странски туристи што е зголемување за 18,4 отсто.

Од општината порачуваат дека би биле задоволни ако тие бројки продолжат да растат и оваа година. А задоволни се и од агенцијата затоа што очекуваат во земјава да пристигнат пари од туризмот, но признаваат и дека влегуваат во година во која ќе треба многу да се работи.

„Лично сум задоволен од почетокот на сезоната, но да почекаме и да ги видиме тековите затоа што се отворија пазари како Египет, Тунис Макроко, Грција и Турција но тие не ни се конуренција затао што ние имаме алтернативни форми на турзма и езерски туризам“, вели Јаневски.

Зборувајќи за плановите за работа, тој дополнува дека во 2019 за првпат нашата земја заедно со Србја и Црна Гора ќе се претстават како една туристичка дестинација за далечните пазари.