Во едно мало алпско село во југоисточна Франција, луѓето од протестното движење „Жолти елеци“ се собраа да го гледаат претседателот Емануел Макрон кој го прекина молкот во врска со нивните неколкунеделни протести.
Повеќето не издржаа да го дочекаат крајот на говорот на Макрон со традиционалното „Vive la France“ и ја напуштија импровизираната сала пред тој да заврши.
Во кратката изјава од само 13 минути, Макрон се обиде да ја обнови контролата врз земјата, која е погодена од насилни протести.
Тој притоа понуди даночни олеснување за работниците и пензионерите, признавајќи дека „можеби ги повредил луѓето со неговите зборови“.
„Ние нема да ги продолжиме нашите животи на ист начин - како што направивме во минатото, во средината на слични кризи без навистина да разбереме или да смениме нешто. Ова е историски момент за нашата земја. Преку дијалог, почит и посветеност, ние ќе победиме“, рече тој.
Но, за жителите на Маргенсел, Доминик и Мишел, тоа не е доволно.
Тие го прекинаа нормалниот тек на нивниот живот кога почнаа да протестираат на еден кружен тек во Маргенсел.
И покрај тоа што Макрон, наредувајќи им на владата и парламентот да преземат итни чекори за промена на даночните правила што ги погодија паричниците на работничката класа, Доминик инсистира на тоа дека проблемот не е данокот, туку самиот претседател.
„Мислам дека се плаши и чувствува жештина и тоа е тоа. Тој го изгуби целиот кредибилитет и луѓето не му веруваат. Тој мора да замине. Замини“, вели тој.
Мишел исто така не беше импресионирана и рече дека нема да оди никаде додека не добие „доказ“.
„Многу убав говор, но воопшто не му верувам и ни треба доказ. Во секој случај, ние остануваме тука додека немаме јасни знаци“, рече таа.
За нивниот колега, Миљо, долгото молчење на претседателот многу било разочарувачко.
„Внимателно го слушав она што го рече г-дин Макрон. Долго време го чекавме. Тринаесет минути од 17 ноември, тоа не се многу минути во споредба со бројот на денови што сме биле тука“, рече тој.
Наведувајќи дека Макрон сепак направил голем прв чекор како на пример зголемување на минималната плата за 100 евра, Миљо и со порака до Макрон:
„Ви благодарам, г-дин Макрон, но ништо не е завршено“, рече тој.